Monday, March 28, 2011

Античко-Македонска традиција на дело

Продолжувањето на вековната македонска традиција не може да се оствари само со проучување на тоа што се правело во антиката и негово славење. Доколку истата не се спроведува во практика, периодот во којшто живееме ќе биде посиромашен по однос на тој континуитет од времето на античка Македонија. Благодарение на Џим Илиев, Македонец од Австралија, таа традиција продолжува и денес.

(македонски штит изработен од бронза, дијаметар 690 mm)

Џим Илиев самоволно, има изработено поголем број на античко-македонски штитови на кои е прикажано 16 кракото македонско сонце (т.н. сонце од Кутлеш), Александар III Македонски и други мотиви од античкиот период на Македонија. Кога еден човек прави нешто вакво без некој да му нарача и без да е воден од желбата за материјална корист тоа значи дека тој човек го има изработено единствено од љубов кон татковината. Денешниот ден за нас е сегашност, но по неколку века тој ќе биде дамнешно минато. Сè она што се изработило од луѓето во ова време ќе послужи како доказ за тоа што ние сме почитувале и славeле.

Од ваквите уметнички дела луѓето од иднината ќе дознаваат дека сме биле свесни за нашето славно македонско минато. Токму поради Џим и луѓето како него континуитетот нема да биде прекинат и времето во коешто ние живееме нема да биде празно кога се во прашање уметничките дела инспирирани од античкиот период на Македонија.

Oва нека ни биде поука на сите што ја сакаме Македонија. Наместо да се удираме во гради кој е поголем патриот и да обвинуваме дека другите се предавници, да создадеме нешто што ќе остане и ќе остави трага за периодот во којшто живееме.

No comments: