Showing posts with label Мистерија. Show all posts
Showing posts with label Мистерија. Show all posts

Wednesday, November 27, 2013

Во потрага по Александар Македонски

Во култната хрватска емисија Na rubu znanosti во епизодата U potrazi za Aleksandrom Makedonskim [Во потрага за Александар Македонски], емитувана во понеделникот [25.11.2013] на Hrvatska radiotelevizija [HRT], освен за најпознатиот македонски крал Александар Велики, повторно стана збор и за Македонија.

Гостинот Домагој Николиќ, независен истажувач, сподели поголем број на негови размислувања за Александар III Македонски, за неговиот живот и за местото каде што тој бил закопан, кои што се на работ на науката.

Целата емисија:



Избор од неколку цитати [преведено од хрватски]:

[0:04:36] „Александар Македонски ни останува како трајна фасцинаца. Го прикажуваат секако, знаете, го прикажуваат како Грк. Јас лично мислам дека тој не е никаков Грк, дека тој е Македонец. Дека е тој Македонец со славјанска крв, никако грчка. Ние знаеме дека тој со Грците често разговарал со преведувачи и дека Грците во неговата војска и обратно кога некој се обраќал на грчките трупи тоа го прави со помош на преведувачи. Неговата војска изгледа дека имала околу 37 000 војници од кои само 7 биле Хелени, приближно 7000 биле Хелени, Грци. Останатите биле Македонци, Траки, Илири и така натаму“, Домагој Николиќ [0:05:28]


[0:05:57] „...и така една голема ѕвезда, која што дури и се спомнува во Библијата, во првата книга на Макабејците [The First book of Maccabees], во изрека се спомнува Александар Македонски како уединител на светот, како господар цар на царевите. А изгледа дека се спомнува и во книгата на Даниел [Book of Daniel], во приказната за царот овен“, Домагој Николиќ [0:06:18]

Гробниот рид во близина на Свети Николе

[0:21:45] „Постојат народни преданија во Македонија, кои што говорат дека тој [Александар Велики] е погребан во Македонија. Е сега, имајќи предвид дека исто така едно од езотеричките и метафизички правила е дека мора кругот да се затвори, тоа значи дека почетната и крајната точка на кругот се една т.е. иста. Тоа значи дека и еден живот мора да се затвори на начин каде човек е роден таму мора да биде погребан. Во спротивно кругот не е затворен и кругот на инкарнацијата не може да се продолжи. Според тоа би излегло дека Александар е закопан некаде во близина на градот Пела односно Билазора“, Домагој Николиќ [0:22:30]

Геоглифот во близина на Свети Николе

[0:22:51] „Билазора се наоѓа, град, кај Свети Николе, тоа е еден град во Македонија. На работ на тој град се наоѓа едно археолошко наоѓалиште, многу монументално, многу убаво... Се работи за тој антички град кој што се вика Билазора. Недалеку од таму се наоѓа еден голем гробен рид... голем, 85, ми се чини, на 45 метри, кој што на себе има еден многу чуден геоглиф кој што изгледа како слика на Касиопеа [Cassiopeia]. Е сега има причина да веруваме дека тоа всушност е гробницата на кралот Александар или македонскиот цар“, Домагој Николиќ [0:23:46]

Соѕвездието Касиопеа
[0:23:58] „Касиопеа [Cassiopeia] е едно од најсјајните соѕвездија на небото, можеби и најсјајното.  Таа се вика, ја викаат кралица на небото, устоличена, сјајна. Според митовите, антички, се работело за македонска кралица“, Домагој Николиќ [0:24:17]

Види и:

Friday, July 19, 2013

Сончарење - соларна јога

Емисија за граничните области од науката Na Rubu Znanosti, и претходно сум ја споменувал на овој блог.[1] Во епизодата од 18.03.2011, насловена како Sungazing tri godine kasnije од оваа култна хрватска емисија се обработува феноменот сончарење (sun gazing) или соларна јога. Еден од соговорниците во оваа епизода и практикант на соларна јога е Македонецот Димитри Патчев (12:20).

Водителот Крешимир Мишак, откако слушна дека неговиот соговорникот во студиото ја спомнува Македонија, го најави Димитри Патчев со следниве зборови (11:30).

„Интересно е што ја спомнавте Македонија, станува збор за мал синхроницитет. Во нашиот следен прилог соговорникот, очигледно според своето име и говорот макар што го најдовме во нов Загреб, всушност потекнува од Македонија. Мислам дека ги споменуваше роднините во Охрид или слично...“

Целата оваа интересна епизода можете да ја погледнете на видео:



[1] Македонските мистерии на "Na rubu znanosti"

Thursday, March 21, 2013

Стенли Кјубрик и теориите на заговор

Еден од најомилените режисери, не само на мене, туку и на огромен број на филмофили ширум светот, е Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick).

Неговите филмови освен што се мајсторски изработени и изобилуваат со визуелна убавина, се и вистински социјален феномен. Во нив се обработуваат есенцијални теми како вечната потрага на човештвото по слобода во филмот „Спартак“ (Spartacus), ужасите на војната затскриени зад приказните за бесмртност и слава во антивоениот „Патеки на славата“ (Paths of Glory), ирационалноста на политичиот врв и заканата од тотално уништување на земјата во „Д-р Стрејнџлав“ (Dr. Strangelove), бесмисленоста на виетнамската војна во документаристичкиот „Полна воена опрема“ (Full Metal Jacket)...


Ако се суди од аспект на гледач, негова единствена маана е што во текот на својот професионален живот има направено релативно мал број на филмови. Само тринаесет на број (плус 3 документарци). Па сепак, имајќи предвид дека речиси секој од нив претставува ремек дело и приказна за себе, повеќето филмови на Кјубрик можат да се гледаат повторно и повторно, без притоа да се изгуби нивната свежина, возбудливост и привлечност.

За сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за животот и творештвото на овој голем филмски режисер го препорачувам документарниот филм „Стенли Кјубрик: живот во слики“ (Stanley Kubrick : Life in Pictures):



Стенли Кјубрик е можеби најпознат по визионерскиот научно фантастичен филм „2001: Одисеја во вселената“ (A Space Odyssey 2001) правен според романот на култниот писател Артур Кларк (Arthur C. Clarke).


Со овој филм (види трејлер) Кјубрик ги наговестува почетоците на авантурата на човештвото за освојување на бескрајните пространства на вселената. Премиерата на „2001: Одисеја во вселената“ (за анализа на филмот види A Philosophical Analysis of *2001: A Space Odyssey*) е во 1968 година, само една години пред Американците да го пратат првиот човек на Месечината. Ова, како и визуелната и техничка прецизност на филмот (види  The Making of Kubrick's 2001: A Space Odyssey) во голема мера придонесуваат за создавањето на бројни контроверзи околу ликот и делото на Стенли Кјубрик од страна на приврзаниците на теориите на заговор.


Имено според некои од нив, Нил Армстронг (Neil Armstrong) и Баз Олдрин (Edwin Eugene "Buzz" Aldrin, Jr.) воопшто не стапнале на Месечината, а целата програма Аполо 11 (Apollo 11) e всушност режиранa од страна на Кјубрик.[1]

Само неколку од многуте документарци [2] во кои се разработува можноста дека НАСА (NASA) никогаш не испратила човек на Месечината се „Аполо нула“ (Apollo Zero) „Вистината зад слетувањата на Месечината“ (The Truth Behind The Moon Landings), „Дали слетавме на Месечината?“ (Did We Land on the Moon?), „Темна мисија“ (Dark Mission Part 1, Dark Mission Part 2) идр.[3]


Во едночасовно интервју емитувано на Ред Ајс Радио (Red Ice Radio), филмаџијата Џеј Вајднер (Jay Weidner) сметан за модерен Индијана Џонс [4], ги споделува своите ставови за тоа дека Кјубрик го режирал слетувањето на Месечината (види и "Jay Weidner on Fetzer's show exposing Apollo Hoax and talking about Kubrick"):



Во контекст на наводното лажирање на програмата Аполо 11, некои шпекулираат дека вистината зад испраќањето на човек на Месечината е кодирана во филмот на Кјубрик „Сјаење“ (The Shining), правен според роман на Стивен Кинг (Stephen King), со Џек Николсон (Jack Nicholson) во главната улога. „Сјаење код 2“ (The Shining code 2) е документарен филм во кој што неговите автори прикажуваат над 50 скриени кодови во врска со проектот Аполо 11, односно за кои што тврдат дека јасно покажуваат дека испраќањето на човек на Месечината е режирано од самиот Кјубрик. [5]



Документарен филм со иста тематика, но со поширок спектар на објаснувања е „Соба 237“ (Room 237). Во интервју со авторите (режисер Родни Ашер; продуцент Тим Кирк) на овој документарен филм (види трејлер) [6], се разработени дел од енкриптираните кодови и теориите на заговор поврзани со „Сјаење“:



Последниот филм режиран од Стенли Кјубрик е „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut) од 1999 година, со Том Круз (Tom Cruise) и Никол Кидман (Nicole Kidman) во главните улоги, кој што го држи Гинисовиот рекорд за најдолго континуирано сниман филм. И „Очи ширум затворени“, како и дел од претходните негови филмови истовремено станува објект на восхит и оспорување.


Приврзаниците на теориите на заговор од својот мозаик за непознатиот живот и работа на Кјубрик не го изоставуваат ниту овој филм (види: Why you should watch Eyes Wide Shut at least 3 times!). Некои од нив одат и до таму што шпекулираат дека тој е убиен поради тоа што во овој филм открива многу реални настани за Илуминатите (види: Kubrick's Eyes Wide Shut and Illuminati Symbology) и практицирањето на ритуален секс од страна на припадниците на кремот на Њујорк. [7]

Во интервју емитувано на Ред Ајс Радио, Џеј Вајднер, открива дел од теориите на заговор поврзани со овој филм на Кјубрик:



И додека некои од овие теории на заговор тешко може да се потврдат со сигурност или пак дефинитивно да се отфрлат, останува апсолутно неспорно дека со своето творештво, филмскиот гениј Стенли Кјубрик, го има задолжено целото човештво.

[1] „Теории на заговор или вистина?“: Според многумина, славните зборови: „Мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, не се кажани на површините на нашиот единствен природен сателит, туку во холивудско студио. Оваа теорија на заговор е една од најстарите и никој досега не успеал да даде одговор што конечно би ја уверил и страната на „сомничавите“. Поддржуваните на теоријата на заговор тврдат дека САД лажно го прикажале целото слетување на Месечината, за конечно да ја остварат важната победа врз СССР во вселенската трка и Студената војна. За да успеат во таа намера направиле исклучително веродостојна снимка на слетување на Месечината во филмско студио, а за таа задача го ангажирале еден од најдобрите режисери во историјата, Стенли Кјубрик, кој го користел сценариото на Артур Кларк.
[2] Види и "Marcus Allen - The Moon Landings Fact or Fiction" (Marcus Allen - moon hoax) "William Cooper Moon Landing Hoax" и "Moon Hoax Expert Jarrah White Interview on Truth News Radio".
[3] Иако „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) во една епизода ја прогласија теоријата на заговор дека човек никогаш не стапнал на Месечината за "busted" (види "Mythbusters Moon Hoax") и тоа дека поедини елементи на теоријата на заговор се објаснети како природни феномени, а не намерни фалсификати (за жиците види "Moon Hoax Theory Lies: We can see the wires, people!") сè уште постојат такви кои не се објаснети, како и луѓе кои што, и покрај опонентите (види "Five Stupid Things About Moon Landing Conspiracy Theories"), сè уште веруваат дека малиот чекор на човекот не е истовремено и голем скок за човештвото.
[4] Jay Weidner "Kubrick´s Odyssey How Stanley Faked the Moon Landings" Jay Weidner is an author, filmmaker and hermetic scholar, considered to be a "modern-day Indiana Jones" for his ongoing worldwide quests to find clues to mankind's spiritual destiny.
[5] The Shining Code is a one-hour documentary which deciphers and explains the meaning behind Stanley Kubrick's The Shining. Due to its mysterious nature, the movie left most viewers confused and unable to understand what the events that took place were all about. The Shining Code documentary unlocks more than 50 codes within the film, codes that finally shed some light on the mysteries that left so many scratching their head and wondering what possessed Kubrick to release such a film.
[6] In this uncut conversation from The Kubrick Series - the Movie Geeks United exploration of the films of Stanley Kubrick - director Rodney Ascher and producer Tim Kirk discuss the various theories related to The Shining as detailed in their documentary Room 237.
[7] EYES WIDE SHUT: Stanley Kubrick Murdered for Exposing Illuminati Secrets? Conspiracy theorists have long speculated that Stanley Kubrick's last film, "Eyes Wide Shut" (1999) was a veiled message to humanity about the hidden existence of the Illuminati, still active as a modern day "ritual sex cult" hidden within the bowels of NYC's elite upper crust of government officials, celebrities, business barons, and lawyers. Just one of the bizarre and jaw dropping facts that documentary maker Jay Weidner reveals in this interview is that the orgy scene in "Eyes Wide Shut" was filmed at the mansion of Nathan Rothschild in London. "Eyes Wide Shut" was the last motion picture made by Kubrick. Was Stanley Kubrick actually murdered for the message that he brought forth in the film?

Tuesday, January 15, 2013

Суштество со тело на змија и глава на жена

Пред околу петнаесет дена на повеќе македонски интернет портали, меѓу кои и Пулс24 [1] и MKD-news.com [2], беше објавен напис со видео и фотографии од мистериозно суштество со раце и глава на човек (жена) и тело на змија.



Од она што го најдов на Интернет, сепак се  работи за прилично стара вест од 2008 година [3], a можеби и претходно.

Околу веродостојноста на суштеството, исто така од она што го пронајдов на интернет, веројатно се работи за измама. Имено луѓе од Малезија, каде што наводно суштеството било пронајдено, тврдат дека луѓето на видеото не зборуваат на малај, јазик кој што е официјален во Малезија, туку на блаан, на кој што говори дел од населението од јужниот дел на Филипините [4].  Исто така луѓе кои што имале можност со свои очи да го видат суштеството (препарирано) тврдат дека се работи за измама [5], а ваквите сомнежи беа пренесени и во написот на MKD-news.com [6].

Уште повеќе верувам дека се работи за измама затоа што, од она што јас го имам како информација, ова не е потврдено од некој позначаен светски медиум, а нема ниту научна потврда и покрај  тоа што суштеството е достапно за анализа.

Без оглед дали се работи за измама или пак не, мене овој случај со мистериозното суштество со тело на змија и глава на човек (жена), ме потсети на нешто што пред околу 20 години ми го кажуваше еден мој роднина (Ј.К.). Кога еднаш бил на лов (во источниот дел на Македонија) му се појавило за него непознато животно, високо речиси колку човек. Имало тело на змија, а на главата долга коса како жена.

Веројатните објаснувања за неговата блиска средба со ова суштество се:

1. Мојот роднина свесно ме лажел дека видел такво суштество, што не верувам дека би го правел имајќи предвид дека не наоѓам никаков мотив за тоа, за настанот говореше нерадо и се работи за возрасен човек.
2. Поради оптичка измама она што го видел всушност не кореспондира со физичката реалност, односно само му се причинило дека видел голема змија со долга коса на главата. Има логика со оглед на тоа што, според неговото кажување, суштеството набргу се сокрило, но сепак не знам колку ова би било прифатливо, имајќи предвид дека знам и за други луѓе од Македонија (Скопје) кои што исто така тврдат дека имаат видено голема змија со коса на главата [7].
3. Едно од објаснувањата и веројатно најпосакувано од страна на криптозоолозите е дека се работи за сосема нов, непознат за науката вид на животно.
4. Можеби научно најприфатливо објаснување е дека се работи за голема змија (смок) од познат за биологијата вид, а косата видлива на нејзината глава дека всушност претставувала излупена кожа која останала прикачена во пределот на главата [8] или дека се работи за насобрана мов или трева.

Интересно е дека во македонските народни преданија се спомнува за исто такво суштество, голем смок кој што на главата имал долга коса. Се работи за предание запишано од страна на Марко Цепенков. [9]

[4] „Snake with a human head found in Malaysia“, www.themorningstarr.co.uk, 13 февруари 2010: (Elfred Kim Gravador-Pajigal Florida): „видеото не е од Малезија, туку од Филипини. Зборуваат на јазикот блаан“ (that video is not from malaysia. its from philippines. they spoke BILAAN language)
[5] „Snake with a human head found in Malaysia“, www.themorningstarr.co.uk, 13 февруари 2010: (Realiti Hidup): „Се работи за измама. Како знам? Бидејќи го донесоа во Малезија и ни го покажаа. Не верувам во ништо вакво ако не мрда“ (its fake.. how do I know? coz they bring to Malaysia n show to us.. don't trust anything like this if it don't move.)
[6] „Веднаш се појавија и информации дека фотографиите и видеото се лажирани во обид да се привлечат туристи.“
[7] Кајгана, 31 март 2008 (Wo Blow): „една жена вика оти зборела со змија, и тоа змија со коса“
[8] „Snakes and common misbeliefs“, userpages.umbc.edu: „(Мит:) Старите змии имаат коса на нив. Влакна не растат на змиите. Периодично змиите ја отфрлаат старата кожа, и во некои случаи дел од излупената кожа останува прикачена при што изгледа дека се работи за коса.“ (Hair does not grow on snakes. Periodically snakes cast of moult and if some moult remains, it appears like hair)
[9] „Калето Исар“, makedonskiotnarodengenij: „...Ха, беше си рекол човекот во себеси, еве сега дури го погодив, ја чекај да влезам внатре и да си ги наполнам пазувите и џебовите со алтани. Едно влегол во вратата во азното и што да види, братенце мило! Наместо алтани еден голем смок, завиткан в колак, колку едно гумно. Главата и опашката му биле кладени едно врз друго во среде колакот. Одвртел очи смокот како од некој страшен див бивол. Една остра коса имал смокот на главата како некоја свинска кострушика, толку долга му била што дури по сета снага му била растурена...“

Saturday, January 12, 2013

Македонските мистерии на „Na rubu znanosti“

По повод спомнувањето на неколку места во Македонија во култната хрватска емисија „Na rubu znanosti“ од 26.11.2012 година, решив на авторите да им пишам со предлог, доколку сакаат, подетално и поопширно да се позанимават со македонските мистерии.



Во продолжение ви го претставувам писмото* во целост:

„Веќе неколку години, со голем интерес ја следам вашата емисија „Na rubu znanosti“. Затоа особено се изненадив кога во онаа емитувана на  26.11.2012 и насловена „Tragom Drevnog Rudarstva Balkana“, вашиот соговорник Домагој Николиќ спомна поголем број на места во Македонија како што се Кокино, Цоцев Камен, Куклици, Ѓаволски ѕид, тунелите под Кратово, геоглифот кај Свети Николе и други.

Би сакал да ве информирам дека Македонија како земја е доста богата на мистериозни настани и верувам дека би ви била доста интересна од аспект на темите кои што ги обработувате во вашата емисија. Имено, на повеќе места во Македонија, очевидци тврдат дека забележале неидентификувани летечки објекти. Според некои проценки, во Македонија, се забележани најголем број на НЛО-а на единица површина.

Доколку пројавите интерес околу ваквите случувања на само неколку стотици километри јужно од Хрватска, најдобар соговорник од Македонија би ви бил уфологот Стојмир Симјаноски. Тој е професор по македонски јазик и книжевност и повеќе од 40 години се занимава со проучување на НЛО, блиски средби со вонземјани и разни други феномени и активно ги бележи сведоштвата на очевидците кои што имале вакви невообичаени искуства.

Тој поседува завидна архива и е автор на неколку книги, меѓу кои и „Мит за сите времиња“, во која што се собрани голем број на сведоштва за средби со НЛО и вонземјани. Исто така тој е автор на неколку документарни филмови и бил гостин на поголем број македонски телевизии. Од Светскиот биографски центар од Америка во 1997 година, Стојмир Симјаноски е прогласен за Човек на годината на прогресивните студии за развој на цивилизациската мисла.“

По неколку дена добив порака од Крешимир Мишак, во која што пројавувува интерес за предложената тема. Благодарение на Друштвото на писатели, пронајдов контакт од уфологот Стојмир и го испратив до водителот на емисијата „Na rubu znanosti“, заедно со неколку дополнителни информации. Се надевам наскоро да видиме уште нешто за Македонија на оваа култна хрватска емисија.
 
*Писмото не беше испратено на македонски јазик, туку на хрватски, на 4 декември 2012 година.

Monday, February 14, 2011

Крај на светот

Кога имав десетина години од книгата „1000 зошто, 1000 затоа“ за прв пат се соочив со фактот дека еден ден планетата земја ќе ја снема. Дека еден ден сонцето ќе се претвори во црвен џин и ќе ја голтне земјата заедно со сè на неа. Поради ова неколку месеци по ред ме мачеше несоница.

На неполни две години дo 21 декември 2012 година, денот во којшто одреден број на луѓе тврдат дека ќе настапи крајот на светот, еве една вистинска приказна којашто неодамна ми ја раскажа татко ми. Во селото кадешто тој живеел едно од соседните семејствата почнало да тврди дека доаѓа крајот на светот и дека целото човештво ќе исчезне. Зошто така мислеле кој да знае? Било тоа во шеесетите години на минатиот век, па можеби има поврзаност со катастрофалниот земјотрес во Скопје. Не се работело за нешто со што сеирџиски сакале да ги плашат соселаните. Тие искрено верувале дека крајот на светот е близу. Како резултат на нивното убедување решиле барем последните денови да ги проживеат кралски. Во тек од неколку седмици ги заклале и изеле сите домашни животни, го испиле сето вино и ги изеле залихите од зимницата. Тие неколку недели ги поминале во константно гоштевање и безделничење. Јаделе и повеќе одошто им се јадело. Арно ама јадењето и пиењето се потрошиле, а светот и понатаму си бил ист и на истото место кадешто бил и претходно.

Не знам дали биле среќни или пак тажни откако осознале дека нивното верување за крајот на светот било безпричинско. Останале живи, ама и без храна.

Приказните за крајот на светот не се нова работа, нив ги има уште откако светот постои и ќе ги има додека тој не престане да постои. Досега сите се покажале како неточни. Сите ние бевме сведоци за предвидувањата за крај на светот во 1999, 2000 и 2001 година. Најверојатно и приказната за крајот на светот во 2012 година ќе биде неточна. Ако некој мисли спротивно од мене спремен сум да се обложам во сите пари што ги имам. И така ако е крај на светот нема да ми користат.

Friday, February 11, 2011

Отпечаток од летечка чинија

Кога бев дете со моите другарчиња често играв на едно место, оддалечено два километри од градот. Местото беше со форма на кањон, речиси немаше вегетација, а и земјата беше црвеница поради што во тоа време нам ни изгледаше како марсовски пејзаж.


Еден ден додека се замислувавме како се бориме против злобниот галактички император ни пријде еден човек кој не праша зошто сме му ја газеле нивата којашто беше недалеку од тоа место. Вистина ние бевме откачено друштво, ама никогаш ниту крадевме, ниту пак правевме бели освен ако не не испровоцираат со дупната топка.

Кога отидовме до неговата нива видовме еден дел којшто навистина беше изгазен. Тој дел беше во форма на совршен круг во дијаметар од четири метри. Изгледаше како на тоа место да слетала летечка чинија. Доколку некој ловец на НЛО ја забележеше таа глетка сигурно ќе си го помислеше токму тоа или пак дека се работи за знаци во житото (Crop circles).

Иако му рековме дека ние не сме го сториле тоа, тој сепак не ни поверува. Веројатно човекот не веруваше во летечки чинии или пак не ни беше слушнал за нив. Од друга страна пак ние не можевме да си објасниме дека некој што сакал да му направи штета наместо да ја изгази целата нива би се мачел тоа да го стори само на едно ограничено место и тоа во совршен круг. Ни беше логично дека во оваа работата замешале прсти ентитети од друг свет.

По некое време повторно отидовме на истото тоа место коешто меѓу нас го викавме "трите тополи". Бевме изумиле за случката со изгазениот круг во нивата кога речиси на истото тоа место во нивата заблежавме коза, врзана со двометарско јаже. Бидејки јажето со другиот крај беше забиено со кол во земјата нејзините движења беа ограничени во радиус од два метри од тој кол. Движејки се така и газејки по нивата таа беше направила уште еден совршен круг.

Испровоциран од еден скорашен настан во Македонија којшто се припишуваше на посетители од вселената решив да го споделам ова со вас. Иако понекогаш изгледа дека некои нешта нема како да се од овој свет, сепак вреди да се размисли повеќе. Можеби објаснувањето не лежи во ѕвездите, а е исто толку овоземско колку што е една обична коза на пример.