По повод спомнувањето на неколку места во Македонија во култната хрватска емисија „Na rubu znanosti“ од 26.11.2012 година, решив на авторите да им пишам со предлог, доколку сакаат, подетално и поопширно да се позанимават со македонските мистерии.
Во продолжение ви го претставувам писмото* во целост:
По неколку дена добив порака од Крешимир Мишак, во која што пројавувува интерес за предложената тема. Благодарение на Друштвото на писатели, пронајдов контакт од уфологот Стојмир и го испратив до водителот на емисијата „Na rubu znanosti“, заедно со неколку дополнителни информации. Се надевам наскоро да видиме уште нешто за Македонија на оваа култна хрватска емисија.
*Писмото не беше испратено на македонски јазик, туку на хрватски, на 4 декември 2012 година.
Во продолжение ви го претставувам писмото* во целост:
„Веќе неколку години, со голем интерес ја следам вашата емисија „Na rubu znanosti“. Затоа особено се изненадив кога во онаа емитувана на 26.11.2012 и насловена „Tragom Drevnog Rudarstva Balkana“, вашиот соговорник Домагој Николиќ спомна поголем број на места во Македонија како што се Кокино, Цоцев Камен, Куклици, Ѓаволски ѕид, тунелите под Кратово, геоглифот кај Свети Николе и други.
Би сакал да ве информирам дека Македонија како земја е доста богата на мистериозни настани и верувам дека би ви била доста интересна од аспект на темите кои што ги обработувате во вашата емисија. Имено, на повеќе места во Македонија, очевидци тврдат дека забележале неидентификувани летечки објекти. Според некои проценки, во Македонија, се забележани најголем број на НЛО-а на единица површина.
Доколку пројавите интерес околу ваквите случувања на само неколку стотици километри јужно од Хрватска, најдобар соговорник од Македонија би ви бил уфологот Стојмир Симјаноски. Тој е професор по македонски јазик и книжевност и повеќе од 40 години се занимава со проучување на НЛО, блиски средби со вонземјани и разни други феномени и активно ги бележи сведоштвата на очевидците кои што имале вакви невообичаени искуства.
Тој поседува завидна архива и е автор на неколку книги, меѓу кои и „Мит за сите времиња“, во која што се собрани голем број на сведоштва за средби со НЛО и вонземјани. Исто така тој е автор на неколку документарни филмови и бил гостин на поголем број македонски телевизии. Од Светскиот биографски центар од Америка во 1997 година, Стојмир Симјаноски е прогласен за Човек на годината на прогресивните студии за развој на цивилизациската мисла.“
По неколку дена добив порака од Крешимир Мишак, во која што пројавувува интерес за предложената тема. Благодарение на Друштвото на писатели, пронајдов контакт од уфологот Стојмир и го испратив до водителот на емисијата „Na rubu znanosti“, заедно со неколку дополнителни информации. Се надевам наскоро да видиме уште нешто за Македонија на оваа култна хрватска емисија.
*Писмото не беше испратено на македонски јазик, туку на хрватски, на 4 декември 2012 година.
No comments:
Post a Comment