Sunday, January 13, 2013

Македонски веб директориуми

Би сакал да ви претставам неколку македонски веб директориуми на кои што можете да го пријавите вашиот блог/сајт.



Тазе.мк претставува релативно нов сајт, кој што постои од крајот на минатата година. Вашиот блог/сајт можете да го пријавите од овде, а за придобивките од тоа, од Тазе.мк велат:

Тазе ви овозможува да ја објавите вашата страна за да може да ја видат поголем број на луѓе. Придобивките се големи. Популарноста на Тазе ви овозможува да ја зголемите популарноста на вашата страна.Друга придобивка е тоа што интернет пребарувачите како Google, Yahoo, Bing и други ќе може побрзо да ја рангираат вашата страна.“

Во категоријата „Блогови“ засега има вкупно 17 блогови, а од нив најпрво, на 27 декември 2012 година, е додаден овој блог.



Веб адресар е директориум на македонски сајтови кој што постои од 2012 година. За себе велат:

Веб Адресар представува листинг кој има за цел да ги поврзе сите веб страни чии што контекст содржи македонски јазик, или нудат производ, услуга, општо добро во или за Македонија. Секоја веб страна која е доставена во адресарот внимателно се прегледува од страна на нашите администратори, се со цел да се добие врвен квалитет во прикажувањето.“

Засега во категоријата „Лични блогови“ има само еден блог. Да, се работи за блогот кој што моментално го читате.



Кликни ме постои од 2009 година и со тоа е постар од претходно споменатите два македонски веб директориуми. Во категоријата „МК Blogovi“ има 26 македонски блогови, меѓу кои и овој блог кој што засега, со 20 гласови, во истата категорија е на второ место по популарност.

No comments: