Еден од најомилените режисери, не само на мене, туку и на огромен број на филмофили ширум светот, е Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick).
Неговите филмови освен што се мајсторски изработени и изобилуваат со визуелна убавина, се и вистински социјален феномен. Во нив се обработуваат есенцијални теми како вечната потрага на човештвото по слобода во филмот „Спартак“ (Spartacus), ужасите на војната затскриени зад приказните за бесмртност и слава во антивоениот „Патеки на славата“ (Paths of Glory), ирационалноста на политичиот врв и заканата од тотално уништување на земјата во „Д-р Стрејнџлав“ (Dr. Strangelove), бесмисленоста на виетнамската војна во документаристичкиот „Полна воена опрема“ (Full Metal Jacket)...
Ако се суди од аспект на гледач, негова единствена маана е што во текот на својот професионален живот има направено релативно мал број на филмови. Само тринаесет на број (плус 3 документарци). Па сепак, имајќи предвид дека речиси секој од нив претставува ремек дело и приказна за себе, повеќето филмови на Кјубрик можат да се гледаат повторно и повторно, без притоа да се изгуби нивната свежина, возбудливост и привлечност.
За сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за животот и творештвото на овој голем филмски режисер го препорачувам документарниот филм „Стенли Кјубрик: живот во слики“ (Stanley Kubrick : Life in Pictures):
Стенли Кјубрик е можеби најпознат по визионерскиот научно фантастичен филм „2001: Одисеја во вселената“ (A Space Odyssey 2001) правен според романот на култниот писател Артур Кларк (Arthur C. Clarke).
Со овој филм (види трејлер) Кјубрик ги наговестува почетоците на авантурата на човештвото за освојување на бескрајните пространства на вселената. Премиерата на „2001: Одисеја во вселената“ (за анализа на филмот види A Philosophical Analysis of *2001: A Space Odyssey*) е во 1968 година, само една години пред Американците да го пратат првиот човек на Месечината. Ова, како и визуелната и техничка прецизност на филмот (види The Making of Kubrick's 2001: A Space Odyssey) во голема мера придонесуваат за создавањето на бројни контроверзи околу ликот и делото на Стенли Кјубрик од страна на приврзаниците на теориите на заговор.
Имено според некои од нив, Нил Армстронг (Neil Armstrong) и Баз Олдрин (Edwin Eugene "Buzz" Aldrin, Jr.) воопшто не стапнале на Месечината, а целата програма Аполо 11 (Apollo 11) e всушност режиранa од страна на Кјубрик.[1]
Само неколку од многуте документарци [2] во кои се разработува можноста дека НАСА (NASA) никогаш не испратила човек на Месечината се „Аполо нула“ (Apollo Zero) „Вистината зад слетувањата на Месечината“ (The Truth Behind The Moon Landings), „Дали слетавме на Месечината?“ (Did We Land on the Moon?), „Темна мисија“ (Dark Mission Part 1, Dark Mission Part 2) идр.[3]
Во едночасовно интервју емитувано на Ред Ајс Радио (Red Ice Radio), филмаџијата Џеј Вајднер (Jay Weidner) сметан за модерен Индијана Џонс [4], ги споделува своите ставови за тоа дека Кјубрик го режирал слетувањето на Месечината (види и "Jay Weidner on Fetzer's show exposing Apollo Hoax and talking about Kubrick"):
Во контекст на наводното лажирање на програмата Аполо 11, некои шпекулираат дека вистината зад испраќањето на човек на Месечината е кодирана во филмот на Кјубрик „Сјаење“ (The Shining), правен според роман на Стивен Кинг (Stephen King), со Џек Николсон (Jack Nicholson) во главната улога. „Сјаење код 2“ (The Shining code 2) е документарен филм во кој што неговите автори прикажуваат над 50 скриени кодови во врска со проектот Аполо 11, односно за кои што тврдат дека јасно покажуваат дека испраќањето на човек на Месечината е режирано од самиот Кјубрик. [5]
Документарен филм со иста тематика, но со поширок спектар на објаснувања е „Соба 237“ (Room 237). Во интервју со авторите (режисер Родни Ашер; продуцент Тим Кирк) на овој документарен филм (види трејлер) [6], се разработени дел од енкриптираните кодови и теориите на заговор поврзани со „Сјаење“:
Последниот филм режиран од Стенли Кјубрик е „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut) од 1999 година, со Том Круз (Tom Cruise) и Никол Кидман (Nicole Kidman) во главните улоги, кој што го држи Гинисовиот рекорд за најдолго континуирано сниман филм. И „Очи ширум затворени“, како и дел од претходните негови филмови истовремено станува објект на восхит и оспорување.
Приврзаниците на теориите на заговор од својот мозаик за непознатиот живот и работа на Кјубрик не го изоставуваат ниту овој филм (види: Why you should watch Eyes Wide Shut at least 3 times!). Некои од нив одат и до таму што шпекулираат дека тој е убиен поради тоа што во овој филм открива многу реални настани за Илуминатите (види: Kubrick's Eyes Wide Shut and Illuminati Symbology) и практицирањето на ритуален секс од страна на припадниците на кремот на Њујорк. [7]
Последниот филм режиран од Стенли Кјубрик е „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut) од 1999 година, со Том Круз (Tom Cruise) и Никол Кидман (Nicole Kidman) во главните улоги, кој што го држи Гинисовиот рекорд за најдолго континуирано сниман филм. И „Очи ширум затворени“, како и дел од претходните негови филмови истовремено станува објект на восхит и оспорување.
Приврзаниците на теориите на заговор од својот мозаик за непознатиот живот и работа на Кјубрик не го изоставуваат ниту овој филм (види: Why you should watch Eyes Wide Shut at least 3 times!). Некои од нив одат и до таму што шпекулираат дека тој е убиен поради тоа што во овој филм открива многу реални настани за Илуминатите (види: Kubrick's Eyes Wide Shut and Illuminati Symbology) и практицирањето на ритуален секс од страна на припадниците на кремот на Њујорк. [7]
Во интервју емитувано на Ред Ајс Радио, Џеј Вајднер, открива дел од теориите на заговор поврзани со овој филм на Кјубрик:
И додека некои од овие теории на заговор тешко може да се потврдат со сигурност или пак дефинитивно да се отфрлат, останува апсолутно неспорно дека со своето творештво, филмскиот гениј Стенли Кјубрик, го има задолжено целото човештво.
И додека некои од овие теории на заговор тешко може да се потврдат со сигурност или пак дефинитивно да се отфрлат, останува апсолутно неспорно дека со своето творештво, филмскиот гениј Стенли Кјубрик, го има задолжено целото човештво.
[1] „Теории на заговор или вистина?“: Според многумина, славните зборови: „Мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, не се кажани на површините на нашиот единствен природен сателит, туку во холивудско студио. Оваа теорија на заговор е една од најстарите и никој досега не успеал да даде одговор што конечно би ја уверил и страната на „сомничавите“. Поддржуваните на теоријата на заговор тврдат дека САД лажно го прикажале целото слетување на Месечината, за конечно да ја остварат важната победа врз СССР во вселенската трка и Студената војна. За да успеат во таа намера направиле исклучително веродостојна снимка на слетување на Месечината во филмско студио, а за таа задача го ангажирале еден од најдобрите режисери во историјата, Стенли Кјубрик, кој го користел сценариото на Артур Кларк.
[2] Види и "Marcus Allen - The Moon Landings Fact or Fiction" (Marcus Allen - moon hoax) "William Cooper Moon Landing Hoax" и "Moon Hoax Expert Jarrah White Interview on Truth News Radio".
[3] Иако „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) во една епизода ја прогласија теоријата на заговор дека човек никогаш не стапнал на Месечината за "busted" (види "Mythbusters Moon Hoax") и тоа дека поедини елементи на теоријата на заговор се објаснети како природни феномени, а не намерни фалсификати (за жиците види "Moon Hoax Theory Lies: We can see the wires, people!") сè уште постојат такви кои не се објаснети, како и луѓе кои што, и покрај опонентите (види "Five Stupid Things About Moon Landing Conspiracy Theories"), сè уште веруваат дека малиот чекор на човекот не е истовремено и голем скок за човештвото.
[4] Jay Weidner "Kubrick´s Odyssey How Stanley Faked the Moon Landings" Jay Weidner is an author, filmmaker and hermetic scholar, considered to be a "modern-day Indiana Jones" for his ongoing worldwide quests to find clues to mankind's spiritual destiny.
[5] The Shining Code is a one-hour documentary which deciphers and explains the meaning behind Stanley Kubrick's The Shining. Due to its mysterious nature, the movie left most viewers confused and unable to understand what the events that took place were all about. The Shining Code documentary unlocks more than 50 codes within the film, codes that finally shed some light on the mysteries that left so many scratching their head and wondering what possessed Kubrick to release such a film.[6] In this uncut conversation from The Kubrick Series - the Movie Geeks United exploration of the films of Stanley Kubrick - director Rodney Ascher and producer Tim Kirk discuss the various theories related to The Shining as detailed in their documentary Room 237.
[7] EYES WIDE SHUT: Stanley Kubrick Murdered for Exposing Illuminati Secrets? Conspiracy theorists have long speculated that Stanley Kubrick's last film, "Eyes Wide Shut" (1999) was a veiled message to humanity about the hidden existence of the Illuminati, still active as a modern day "ritual sex cult" hidden within the bowels of NYC's elite upper crust of government officials, celebrities, business barons, and lawyers. Just one of the bizarre and jaw dropping facts that documentary maker Jay Weidner reveals in this interview is that the orgy scene in "Eyes Wide Shut" was filmed at the mansion of Nathan Rothschild in London. "Eyes Wide Shut" was the last motion picture made by Kubrick. Was Stanley Kubrick actually murdered for the message that he brought forth in the film?
No comments:
Post a Comment