Деновиве излезе од печат „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, најново книжевно дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Станува збор за истражувачка студија со фабуларна структурираност што како проект од национален интерес е објавена со поддршка на Министерството за култура. Како што открива нејзиниот наслов, во книгата е обработена своевремено популарната српска периодична публикација „ЈУ стрип“, со посебен акцент на неколкуте македонски автори што со свои стрипови биле застапени на нејзините страници.
– Во својата блескава
публикација, Стеванов дава детален приказ на српската ревија „ЈУ стрип“
што „Дечје новине“ од Горњи Милановац ја издава во периодот 1977 – 1987
година, како и на сите македонски творци што со свои дела биле застапени
во неа. Книгата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“ на Александар
Стеванов е допадливо напишана, мајсторски уредена, современо
дизајнирана, богато илустрирана и обилно референцирана, пишува
дипломираниот моден и индустриски дизајнер Моника Гачева, во својата
рецензија кон книгата.
„Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“ е
деветта публикација на тема историја на деветтата уметност во авторство
на Стеванов. На истата тема тој објавувал и во поголем број списанија, а
се јавува и како автор на стрипови. Со стрипот „Балада за мојот
непријател“, тој беше застапен на групната изложба на актуелен
македонски стрип неодамна поставена во Сомбор, Србија, а најавено е дека ќе
учествува и на првото издание на стрип-фестивалот „Стрип трип“ што на 17
и 18 јуни ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.
Објавено и на:
- Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, МИА
- Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, МКД.мк
- Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, Опсервер
- Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, Либертас
- Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, Рацин
No comments:
Post a Comment