Tuesday, February 19, 2013

Диктатурата на Груевски на дело!

Диктатурата на Груевски на ДЕЛО! Ми го избришаа постот од неговата фан страна и ме блокираа... Е навистина не очекував дека ова ќе го дочекам... Ах жална Македонијо.

Господине Никола Груевски знам дека ова тешко ќе стигне до Вас, но барем јас ќе си кажам што ми лежи на душичката...
Искрено сум разочаран од Вас после денешниов ден. Особено верував во Вас како потомок на Македонци од Егејот но и Вие подлегнавте под притисокот и ја посрамотивте идеологијата на ВМРО...
Денес бевме сведоци на изгласување од страна на пратениците на Вашиот предлог за именување на Талат Џафери за министер за одбрана...
Нели ви е барем малку срам и жал за сите оние мајки кои ги изгубија своите синови во тој конфликт во кој овој човек дезертираше од местото заменик министер и стана командант на хордите кои пробаа да го срушат уставниот поредок?
Нели можевте да најдете друг кандидат за тоа место?
Голема грешка премиере. Ова можете да го искупите кај народот единствено само ако го донесете на сила законот за бранителите (САМО БРАНИТЕЛИТЕ), законот за правата на луѓето кои го ставија своите животи на браникот на татковината. Иако војната беше фингирана, луѓето загинаа и должни сме да им се оддолжиме.
Толку од мене. Поздрав...

Иван Ванчо Македонски, 18 февруари 2013
(објавено со љубезната дозвола на авторот)

1 comment:

Anonymous said...

„Орда“ значи нешто неорганизирано. УЧК испадна многу поорганизирана од нивните противници, затоа и победија.