Monday, February 18, 2013

Бранко е крив

Ете и тоа се случи, човекот кој што тврдеше дека нема да коалицира со терористи, денес за министер за одбрана предложи да се избере терорист.[1] Со кој образ?

Во собранието Груевски порача дека врз основа на образованието кое што го имал предложениот министер, како и на неговот досегашно работно и професионално искуство, ќе можел успешно да ја спроведе програмата на Владата  за периодот од 2011-2015 година.[1] Кое искуство, дезертирање од АРМ и борба на страната на оние кои што во 2001 година ја проливаа крвта на македонските бранители? Ако од Владата планираат да си го тероризираат сопствениот народ, констатицијата на премиерот навистина е исправна, посоодветен министер за одбрана од Командант Форина не можеле да најдат. 

Од FB страната Македонци порачуваат:

Предлагаме Командантот што ги затвораше вентилите на Липковското Езеро сега да биде прогласен за Директор на ЈП Водовод и Канализација.

Во оваа моја чудесна земја веќе ништо не е невозможно. Не би се зачудил ако утре и тоа не сполета.

2 comments:

Anonymous said...

Досега имам избришано неколку канали од ТВ, од кои прв сител тројка, па раат сум што не налетувам несреќно на буреци, а вчера откако го слушнав токму ова образложение на нашиов ни ...... за ........, го избришав и собранискиот. Ова е едно големо срање и уште наоѓаат оправданија за милеников

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

НЕ МОЖЕ ДА ЈА КОМАНДУВААТ АРМИЈАТА ТИЕ ШТО ВО НЕА ПУКАЛЕ!

19 февруари 2013 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) прифаќа македонско-албанско помирување како проекција за меѓусебно разбирање, толеранција и коегзистенција.

СМК го почитува и дискреционото право на премиерот за состав на Влада по предлог на коалиционите партнери.

Но, СМК за неприфатлива ја смета одлуката на Собранието на Македонија за избор на поранешниот командант на терористичката УЧК, Талат Џафери, за министер за одбрана на Република Македонија, бидејќи во војната во 2001 година командуваше со вооружени екстремистички и паравоени групации против регуларните Вооружени сили на Македонија што ги намалува моралот и борбената готовност на Армијата на Република Македонија.