Бугарскиот форумџија, balgarin25, во коментар на темата „Бугарите во грчките учебници - окупатори, фашисти“ на форумот Кајгана, изразува незадоволство затоа што логото на БДЖ (Български държавни железници) поставено на вагонот во Музејот на холокаустот во Скопје е анахроно. Имено поставеното лого на БДЖ на овој вагон, што може да се види на фотографиите 1 и 2, е од шеесетите години (па до денес), а не од четириесетите кога депортацијата на Евреите била извршена.
За истово, на форумот Воденица, негодуваат и неговите сонародници vago и stinger, на темата „Вистината за депортацијата на евреите“.
Поради ова, упатувам јавен апел до одговорните луѓе во Музејот на холокаустот во Скопје, да ја исправат грешката, и на местото на логото на БДЖ од шеесетите години (па до сега), да го постават она од четириесетите години кога всушност и се случила депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта.
Освен што би требало да го заменат логото на БДЖ, одговорните луѓе во Музејот на холокаустот би требало и под него да го испишат текстот "Bulgaria", како вагонот би бил поавтентичен, а за што сведочат фотографиите 3 и 4.
Со тоа би им се угодило и на Бугарите кои на споменатите форуми негодуваат, а во исто време би се појаснило и кој всушност е извршителот (Bulgaria) на депортацијата на Евреите од Македонија.
No comments:
Post a Comment