Saturday, February 16, 2013

И Република Чешка нè призна по втор пат

Радио Илинден во напис насловен „Чешка ја призна Македонија под уставно име“, како и низа други македонски медиуми, објавија дека Република Чешка штотуку ја признала Република Македонија под уставното име:

„Расте бројот на земји кои ја признаваат Македонија под уставно име. Чешка е нова на списокот држави кои во билатералната комуникација, на земјава ќе ѝ се обраќа со Република Македонија.“

Контрадикторно на претходно напишаното е тоа што на собранискиот сајт во објава од 10 мај, 2009 година, пишува дека и тогаш, во 2009 година, Република Чешка ја признавала Република Македонија под уставното име. Ова го кажал не било кој туку претседателот на собранието Трајко Велјановски:

„He [President Veljanoski] expressed appreciation for the fact that the Czech Republic has been using our constitutional name in our bilateral relations.“

Превод:

„Тој [Трајко Велјановски] изрази задоволство за фактот што Република Чешка го користи нашето конституционално име во билатералната комуникација.“

Се поставува прашањето колку ли пати Чешка ќе нè признава под уставното име? Веројатно поради не знаење, сензационализам или пак нешто трето, дел од македонските медиуми официјализирањето на одлуката на Република Чешка во билатералната комуникација да ни се обраќа со уставното име го претставија како целосно ново признавање и со тоа зголемување на бројот на земјите кои нè признале под уставното име, што секако е погрешно.

Нешто слично се случуваше и пред неколку месеци во случајот со признавањето од страна на Унгарија - Унгарија по втор пат ја призна Македонија под уставното име? (15 декември 2012).

1 comment:

Anonymous said...

Republika e Çekisë njohu për të dytën herë Maqedoninë?

Çekia nuk është shteti i ri që njeh Maqedoninë, ai ka njohur atë që nga 2009-ta