На 1 септември 1967 година, македонскиот стрип тандем Ташковски - Топуз, во 112. број на југословенската стрип едиција „Никад робом“ (Nikad robom) го објавуваат стрипот „Kralj Prebond“ (Крал Пребонд)
Во уводниот дел на стрипот пишува:„Крал Пребонд
После долгата и упорна борба на македонските Словени, византискиот цар Јустинијан II, им понудил привиден мир во 685 година од нашата ера, бидејќи на истокот од империјата наишла нова голема навала на Арапи, многу поопасни одошто она што се случувало на Балканот. Поради исцрпувачката војна која што македонските Словени со децении ја воделе против Византијците на теренот околу Солун и областите на Егејското море, Словените со својата простодушност овој мир го прифатиле сосема искрено. Војничкиот живот набргу бил напуштен, оружјето оставено, а наместо него започнал нормалниот живот на земјоделци и овчари.
Меѓутоа лукавиот Јустинијан II не мислел да ги остави на мира македонските Словени кои што не сакале да се покорат на Византија. Помислата дека Пребонд, кралот на „Склавинија“, може да ги собере околу себе и останатите словенски племиња на Балканот и така да удри на Византија, го фрлила во размисли. Да се отфрлила таквата можност, Јустинијан решил да го фати овој „варварски“ крал и да ги обезглави Словените на просторот на Македонија.“
No comments:
Post a Comment