Споделено поради јавниот апел поставен на FB страната „Ѓорѓи Колозов“:
Јас пак би апелирал до Владата на Република Македонија, односно до Министерството за култура, наместо да фрлаат пари за глупави проекти како врби во Вардар, да одвојат скромни сретства за дореализација на овој документарец, посветен на човекот кој што остави неизбришлив печат на едно не толку дамнешно време и со својата глума трајно се врежа во срцата на една цела генерација Македонци.
„Почитувани!
Како вистински фанови на животот и делото на Ѓорѓи Колозов, имате шанса сите да придонесете и донирате средства за доснимување на документарниот филм „Последниот македонски цар“.
Поради разни причини не успеавме да наидеме на слух кај поголемиот број фирми и моќни поединци. Но, Ѓорѓи Колозов постоеше и твореше за народот, а не за корпоративните гиганти. Затоа очекуваме дека Вие, вистинските фанови, ќе излезете во пресрет и нема да ви биде тешко на 5 минути да појдете до најблиската филијала на „Комерцијална банка“ и да донирате кој колку е во можност и заедно да бидеме реализатори на овој филм, кој е од голема важност за македонското културно наследство.
Ова е подржано директно од фамилијата на Колозов, која и самата макотрпно се бори за да овој документарец се најде и остане вечно во македонските архиви!!!
Цел на дознака: донација за документарен филм
Назив и седиште на примач: МИК МИКИ ДООЕЛ ул. Антон Попов бр. 131Б
Банка на примачот: Комерцијална банка АД Скопје
Жиро сметка: 300000000778752“
Јас пак би апелирал до Владата на Република Македонија, односно до Министерството за култура, наместо да фрлаат пари за глупави проекти како врби во Вардар, да одвојат скромни сретства за дореализација на овој документарец, посветен на човекот кој што остави неизбришлив печат на едно не толку дамнешно време и со својата глума трајно се врежа во срцата на една цела генерација Македонци.
No comments:
Post a Comment