На секој први, десетти и дваесетти од месецот, почнувајќи од наредниот месец, на овој блог ќе можете да читате по една епизода од веб стрипот „Антиквизатори“ за згодите и незгодите на Марко, мал Македонец кој што со својата временеска машина патува низ најразлични историски периоди.
Главната тема на стрипот е Македонија, проблемите со кои се соочуваме денес и историските случувања од минатото видени од малку поинаков агол, низ призмата на шегата.
Целта е преку овој стрип да се даде скромен придонес во оставањето на траен уметнички и пишан белег за Македонија од денешницата, но и да се покаже вековниот континуитет на Македонија и на Македонците од дамнина па до денес.
Воедно стрипот има и забавна страна и замислува една хипотетичка ситуација: што би било кога Александар Велики би дошал од минатото во денешницата, но и што би било кога еден Македонец од сегашноста би заминал во тоа античко време.
Наредниот месец, на овој ист блог, очекувајте ја првата епизода од стрипот - Антиквизатори.

No comments:
Post a Comment