Friday, January 25, 2013

Има ли вредности во ЕУ?

„Вредностите на европската интеграција треба да бидат споделени и афирмирани подеднакво, како од земјите кандидати и потенцијални кандидати, така и од сите членки на ЕУ и сите институции. Дел од нив се однесуваат и на зачувување на идентитетските права и правата на самоидентификација“, изјава на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски

Дали Европската Унија сè уште лежи на принципите и заложбите кои ги наметнува на земјите кандидати за членство или овие нејзини нормативи служат само за наметнување на своето мислење кон земјите кандидати?

Како инаку би го протолкувале фактот дека во ЕУ сè уште не се почитува правото на самоидентификација на поединците?

Овие прашања се наметнуваат од  последните настани од седиштето на ЕУ. Дали овие претставници на парламентот би се дрзнале на ваков начин да ги избришат Ирците или  Шкотите и дали на ваков начин би ја укинале и оваа организација која се залага и ги потенцира сите малцинства и малцински права кои што треба да ги уживаат во државите во Европа?


Слика 1 http://www.eurominority.eu/version/eng/reports.asp

Македонците знаат дека политиката на ЕУ за едни е мајка, а за други маќеа, а последниот пример со бришењето на делови од извештајот НЕ е на наша штета.


Слика 2


Слика 3


Слика 4

Ние и без тој извештај ЌЕ постоиме, тоа е на штета на вредностите на кои беше изграден овој европски сојуз, во кој сега владеат профашистички партии и шовинистичките закани. Со ова бришење на Македонците само се зајакнува духот на секој еден Македонец и им се покажува изворно како империјалистите и соседите во минатото ги бришеле и преименувале нашите предци.

Преку сликите 2,3 и 4 само преку документи ви го прикажуваме бришењето на еден народ. Но како што напиша Петре М. Андревски:

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

Благојче Андонов

1 comment:

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ОСУДА НА СОФИСКИОТ АНТИМАКЕДОНИЗАМ ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

23 јануари 2013 година, Софија, Бугарија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја споделува загриженоста на Парламентарното собрание на Советот на Европа за порастот на нацистичката идеологија и на непријателството на Софија против етничките и верските малцинства, како и однесувањата на приврзаниците на АТАКА против Македонците, муслиманите и против Ромите во Бугарија. СМК очекува Советот на Европа, ОБСЕ и Обединетите Нации да побараат целосно спроведување на одредбите од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици.

СМК најостро го осудува бришењето на Македонците и помаците како Македонци муслимани во Резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за правата и слобдоите во Бугарија, по предлог на група парламентарци, предводена од софискиот пратеник Лачезар Тошев.

СМК смета дека антимакедонизмот и бугарскиот геноцид врз Македонците претставува постојана пракса којашто сериозно ги нарушува добрососедските односи со Македонија и ја нарушува стабилноста во регионот.

СМК го повикува Советот на Европа, ОБСЕ и Обединетите Нации да отворат мониторинг процедури врз Бугарија, како и врз Грција, заради непризнавање на Македонците и непочитување на нивните права и слободи.