Saturday, January 26, 2013

Colonel Skopje

Henri Texier (Анри Тексие) е француски џез музичар, роден на 27 јануари 1945 година во Париз.[1] Покрај останатите, тој со својот бенд "Transatlantik Quartet" (Трансатлантик квартет) [2] е автор на албумот од 1988 година, кој што го носи за нас Македонците интересното име "Colonel Skopje" (Полковник Скопје).[3]

Овој албум го добива името по главниот град на Македонија, Скопје, а причината за тоа веројатно е силниот впечаток кој што градот го има оставено кај Тексие, при неговото учество на Скопскиот џез фестивал во доцните осумдесети години.[4][5]

Сликата од албумот е со воено лице, веројатно полковникот Скопје, а во позадина е видливо (модифицирано) југословенско знаме (Македонија во тоа време сè уште е дел од федерацијата).


Втората нумера од овој албум е насловена "Skopje" (Скопје).[3]

[1] Uncle Dave Lewis "Henri Texier", allmusic
[2] Alex Henderson "Colonel Skopje", allmusic : Steve Swallow on electric bass and John Abercrombie on electric guitar; rounding out the lineup are saxophone explorer Joe Lovano (who is also heard on flute) and Italian drummer Aldo Romano.
[3] Alex Henderson "Colonel Skopje", allmusic
[4] "Hеnri Tеxier – Colonel Skоpje 1989" MP3 музика: That album was made after Henry’s visit in Skopje. He played on Skopje Jazz Festival in late ’80’s. So, he was inspired by something and he recorded that album, which is a real masterpiece
[5] "Французинот кој го сака Скопје: Henry Texier Trio – The Scene Is Clean 2009" MP3 музика

Дополнително:
Тина Иванова „Провокативни ансамбли на отворањето на Џез-фестивалот“, Утрински весник: „Втората вечер на Скопскиот џез фестивал протече во позагреана атмосфера, со поголем број на публика. Посетителите имаа можност да ги проследат концертите на "Анри Тексие Трио" од Франција...“

No comments: