Thursday, November 22, 2012

Тивка окупација

Во последно време сè почесто сме сведоци на засилени провокации од страна на нашите сограѓани етнички Албанци. Последен пример кој се заканува да ја прелие чашата и да предизвика сериозни меѓуетничките тензии е поставувањето на знамето на Република Албанија во Кичево.

Во врска со овој настан од Македонско братство порачуваат:

„Испратете порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го реши случајот со трајното поставување на албанското знаме во кичевско. Да застанат цврсто, нема повеќе отстапки по посегнувањата по македонскиот суверенитет. Во спротивно ќе бидат сметани за неспособни да ги бранат правната држава и на оние кои ги гласале. Ако ДУИ прави партиски потези за да му удоволи на својот електорат, тогаш и македонските партии нека прават потези ако ги сакаат нашите гласави. А не да размислуваме ова е предизборно дело, но за жал освоената „територија“ ќе си остане и послеизборно. Дали е предизборно, или предизборноста е само добар изговор за да се поттурнат психилошките граници.“

И додека од ова македонско патриотско здружение, како и илјадници други македонски патриоти повикуваат да се запре со лудилото, ни се случува диверзија. Од веб сајтот Maxim.mk известуваат:

„Македонска компанија лее гигантски јарбол на кој ќе биде поставено најголемото македонското знаме на граничниот премин Деве Баир.“

Поставувањето на знамето на Република Македонија на граничниот премин Деве Баир па колку големо и да е, та дури и да е најголемо во свет, не смее да се користи за отргнување на внимание од незаконското поставување на знамињата на Република Албанија на македонска територија. Огромното македонско знаме во најава во никој случај не може да послужи како сатисфакција за експанзионистичките идеи на некои наши сограѓани.

No comments: