Wednesday, November 21, 2012

Ден на Заедницата на Македонците во Р. Хрватска



Живописното хрватско гратче Самобор зазема посебно место во македонската културна историја благодарејќи на великанот на македонската книжевност, поетот Коста Солев Рацин, кој во 1939 година, пред повеќе од седум децении, ја отпечати својата збирка песни „Бели мугри” на македонски јазик токму во Самобор, во печатницата на Драгутин Шпулер и со тоа, засекогаш ги соедини македонскиот и хрватскиот народ.

По тој повод, во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер” од Загреб, а под покровителство на Советот за национални малцинства при Владата на РХ, секоја година се одржува свечено чествување на овој настан.

No comments: