Албанскиот амбасадор во Македонија, Арбен Чејку, во говор во Тетово изјавил:
„Апелирам до сите псевдопатиоти, им порачувам - направете го и вие истиот напор од 2001-та, направете го истиот напор на Али Ахмети.“ (+Инфо Четврток 22 Ноември 2012)
Со оваа скандалозна изјава, странскиот дипломат директно повикува група граѓани на Република Македонија да го повторат воениот конфликт од 2001 година, односно повикува на нова војна.
Дека не се работи за случаен и ненамерен гаф се потврдува со говорот кој тој го дал на незаконското подигање на шестметарското знаме на Република Албанија во кичевско:
„...сега нивните души ќе почнат да се смируваат кога ќе ја погледнат оваа територија означена со високи албански знамиња...“ (24 вести, 18.11.2012)
Поставувањето на ова знаме на странска држава тој признава дека не е со цел означување на етнички чувства туку за маркирање на освоени албански територии. На ваквите негови иредентистички ставови реагираа од СМК:
„СМК ја осудува изјавата на албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку, кој го поздравил поставувањето на албанското знаме во Кичево „на албанска територија“ (МКД.мк 18 ноември 2012).“
Сепак само реакција од СМК не е ни приближно доволна. За овие отворени повици за војна и за освоени албански територии, овој дипломат заслужува неодложно протерување од државата!
No comments:
Post a Comment