FB страни со македонски патриотски називи, удобно затскриени зад македонското име, сè почесто споделуваат врски кон написи поврзани со српски квазипејачи, голотија, убиства отаде океанот и купишта други теми кои што немаат апсолутно никаква врска со Македонија и со Македонците.
Принтскрин Кузман Мато
Во врска со ова пред неколку дена (2 октомври), впечаток ми остави коментарот на Pedro Nésquez, оставен на FB страната „Бев Сум и Секогаш ке бидам горд МАКЕДОНЕЦ“:
„Дај почнете да објавувате приоритетни објави, 99% од страната нема врска со Македонија! На денешен ден на пример беше битката кај Гавгамела 331 ПНЕ, 40 000 Македонци против 250 000 Персијци, нешто што вреди да се објави на пример. Доста е веќе: "Дали има будни Македонци; Ајде да се преброиме колку Македонци не има", и тн. Знам, ќе речите: "Ако не ти се допаѓа страницата можиш слободно да излезиш". Не е работата да излезам или да зборам нешто за инает. Не го сфаќајте ова како навреда, туку како критика, како администратори треба да имате почит за мислењето на другите. Имате 140 000 обожаватели, погрижете се да добијат што повеќе едукација за Македонија, а не објави за Ана Николич, Џастин Бибер и тн.“
Зачетоците на феноменот профитерство зад лажен патриотизам на FB ги имам забележано уште во декември 2009 година, а тоа го имам соопштено и во вид на напис токму на овој блог:
„Пред некој ден на Facebook ми стигна порака којашто идеше вака некако: Доколку сакате да помогнете Македонија да го зачува своето име и идентитет поканете ги вашите пријатели да се вклучат во групата. Е шо толку ќе помогнат ако се зачленат. Демек собери милион члена и оп идентитетот си се зачувал.“
Дека добиле повеќе понуди FB страната да биде купена, обелодени администрацијата на „Македонци“. Но за разлика од некои други „патриотски“ страни кои на ваквите понуди имаат одговорено позитивно, одговорот на „Македонци“ е достоен за нивниот назив:
„Бидете спокојни бар ние не ве продаваме за објави од цицки, газови, рекламации спамови и тролувања од какви веќе не агенции, објави за персоналниот живот на Ана Николиќ, Џастин Блибер, Ким Кардашијан кој и да е.
Сите они почнаа наводно за да ги презентираат убавините и вредностите на Македонија, но сите ве продадоа а ништо не презентираа.
Ние не се продаваме и повеќе не нè замарајте со глупи понуди.
Наша основна цел била, е, и ќе остане вистинска промоција и презентација на културните, историските, духовните, националните, природните, и сите други вредности на нашата татковина.
Од се срце благодариме на вашата искрена подршка.“
Принтскрин „Македонци“
1 comment:
Па овие се партиски инструмент, далеку се они од патриоти за Македонија!!!
Post a Comment