Sunday, April 22, 2012

За јутуберцките работи

Пред една седмица сакав да ислушам неколку македонски народни песни за кои знаев дека со embed code се поставени на еден блог кој што го читам. И кога кликнав на копчето play наместо песна ми се појави следната порака:

Ваква слика ме пречека не само еднаш. Поради истата причина од YouTube тргнати беа барем 5-6 антологиски македонски народни песни како што се: Запеј песна Македонко (Виолета Томовска и Кирил Манчевски), А бре Македонче (Никола Бадев и А. Сариевски), Што имала к`смет Стамена (Бисер).

Затоа би сакал да упатам апел до сите македонски јутубери да внимаваат да не ги нарушуваат copyright правата на големите странски компании со поставување на странски музички хитови, филмови исл. и доколку забележат дека на некој нивен поставен клип, од страна на јутуб е регистрирано дека одредена компанија е сопственик - да ја следат ситуацијата и навремено да реагираат со бришење на тие клипови од нивните профили. Во спротивно таквите постапки или игнорирањето на предупредувањата од Јутуб можат да доведат до бришење на нивните профили, а со тоа и на сите нивни видеоклипови.

Во овој случај бришењето на профилот е поради нарушување на copyright правата на UEFA.

Греота е вашиот труд, кој можеби се состои и од стотици поставени клипови, поради неколку нарушување на нечии права да биде залуден, а уште повеќе е греота со тоа залуден да биде и трудот на сите оние кои што вашите видеоклипови ги прикачувале некаде со помош на embed code.

Доколку сакате на јутуб да поставувате и клипови од странски песни, натпревари и друг видео материјал на кој што некоја голема компанија би можела да тврди дека е сопственик, подобро направете си нов профил, како би си го заштитиле основниот на кој што имате поставено значајни работи (документарци, изворни песни, репортажи) за Македонија.

No comments: