Sunday, February 05, 2012

САД и конфликтот од 2001 - рециклирање на нарко долари

Мишел Чосудовски (Michel Chossudovsky) за ролјата на САД во воениот конфликт од 2001 година - 4 (3 април, 2001)

US Finances Ethnic Warfare in the Balkans (САД финансираат етнички војувања на Балканот):

RECYCLING NARCO-DOLLARS

US support to the KLA is only one among several sources of KLA financing. Various Islamic organisations have channeled money and military equipment to the KLA. Prior to the 1999 war, "German, Turkish and Afghan instructors were reported to be training the KLA in guerilla and diversion tactics."

Mujehadeen mercenaries recruited in a number of countries fought against Serb Security forces alongside the KLA in Kosovo. According to the 'Sunday Times,' the recent assaults by the KLA's proxy in the Tetovo region of Macedonia have been "encouraged by mercenaries from Afghanistan and Saudi Arabia."

Amply documented, the Balkans drug trade is used to finance ethnic warfare with the complicity of the US and NATO. The pattern of covert support – through the recycling of narco-dollars – has been an integral part of CIA covert operations since the Soviet-Afghan war. According to documents of the US Drug Enforcement Administration (DEA), "members of the notorious Albanian mafia have links to a drug smuggling cartel'' based in Kosovo's capital, Pristina. This cartel is allegedly manned by ethnic Albanians who are members of the Kosovo National Front (KNF) whose armed wing is the KLA. The DEA documents apparently show it is one of the "most powerful heroin smuggling organisations in the world'' with its profits being diverted to the KLA to buy weapons.

In the words of former DEA agent and author Michael Levine:

"Ten years ago we were arming and equipping the worst elements of the Mujahadeen in Afghanistan – drug traffickers, arms smugglers, anti-American terrorists…Now we're doing the same thing with the KLA, which is tied in with every known middle and far eastern drug cartel. Interpol, Europol, and nearly every European intelligence and counter-narcotics agency has files open on drug syndicates that lead right to the KLA, and right to Albanian gangs in this country."

While US aid – combined with drug money – is channeled to the KLA, Washington and Brussels perfunctorily condemn the NLA-Tetovo instigated terrorist assaults while casually denying the links of the attackers to the KLA. In the words of former NATO Secretary General Javier Solana: "'it would be a mistake to negotiate,… the terrorists have to be isolated. All of us have to condemn and isolate them. Nothing can be achieved through violence'' …

NATO has pledged to ''starve'' the rebels by cutting supply lines from neighboring Kosovo." While condemning the terrorists, NATO – through the UN – has also been "raising the urgent need for restraint by the Macedonian forces."

This double talk is of course a form of political camouflage: you say that you are against the terrorists and then support them via the KLA with guns, ammo and military advisers paid by the US public purse.

РЕЦИКЛИРАЊЕ НА НАРКО ДОЛАРИ

Американската поддршка е само еден од неколкуте извори на финансирање на ОВК. Преку разни исламски организации се канализираат пари и воена опрема за ОВК. Пред војната во 1999 година, „германски, турски и авганистански инструктори беа пријавени за обука на ОВК во герилска тактика и диверзија“.

Муџахедини платеници регрутирани во голем број на земји се бореа против српските безбедносни сили, заедно со ОВК во Косово. Според Сандеј тајмс, неодамнешните напади на приврзоците на ОВК во тетовскиот регион на Македонија се „охрабрени од страна на платеници од Авганистан и Саудиска Арабија“.

Целосно документирано, трговијата со дрога на Балканот се користи за финансирање на етнички војни со соучество на САД и НАТО. Моделот на тајна поддршка - преку рециклирање на нарко-долари е составен дел на тајните операции на ЦИА од советско-авганистанската војна. Според документите на ДЕА „членови на озлогласената албанска мафија имаат врски со картел за шверц на дрога“ со седиште во главниот град на Косово, Приштина. Овој картел наводно е составен од членови - етнички Албанци, кои се дел и на Косовоскиот Национален Фронт (KNF) чие вооруженото крило е ОВК. Документите на ДЕА очигледно покажуваат дека една од „најмоќните организации во светот за шверц на хероин“, својот профит го пренасочува кон ОВК, за да купат оружје.

Според зборовите на поранешниот агент на ДЕА и автор Мајкл Левин:

„Пред десет години ги вооружувавме и опремувавме најлошите елементи на муџахедините во Авганистан - трговци со дрога, шверцери на оружје, анти-американски терористи... Сега го правиме истото со ОВК, која е сврзана со секој познат среден и далекуисточна картел на дрога. Интерпол, Европол и речиси сите европски разузнавачки агенции и агенции за борба против наркотици, имаат отворено досие за синдикати на дрога кои посочуваат директно кон ОВК и кон албанските банди во оваа земја.“

Додека американската помош - во комбинација со парите од дрогата - е канализирана кон ОВК, Вашингтон и Брисел површно ги осудуваат терористичките напади на ОНА во Тетово, и ги негираат врските со напаѓачите на ОВК. Според зборовите на поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана „Би било грешка да се преговара... терористите треба да бидат изолирани и сите ние мора да ги осудиме и изолираме. Ништо не може да се постигне со насилство...“

НАТО вети дека ќе ги „изгладне“ бунтовниците со сечење на линиите на снабдување од соседно Косово. И додека ги осудува терористите, НАТО - преку ОН - исто така „ја покренува итната потреба за воздржаност од страна на македонските сили“.

Овој двоен говор секако е форма на политичка камуфлажа: велите дека сте против терористите, а потоа ја поддржувате ОВК со оружје, муниција и воени советници платени од страна на американската јавна каса.

Michel Chossudovsky is Professor of Economics, University of Ottawa, and author of The Globalization of Poverty, second enlarged edition, Common Courage Press, 2001.

Copyright by Michel Chossudovsky, Ottawa, February 2001. All rights reserved. Permission is granted to post this text on non-commercial community internet sites, provided the essay remains intact and the copyright note is displayed. To publish this text on commercial internet sites, in printed and/or other forms (including excerpts) contact the author at chossudovsky@videotron.ca, fax: 1-514-4256224.

Превод: А.С.

Продолжува

No comments: