На неодамнешниот ракометниот натпревар на Македонија против Германија, на германската телевизија нашата земја беше претставена со името Македонија.
Курир (среда, 18 Јануари 2012):
Ова секако не го отсликува официјалниот став на Германија, но е добар показател кон каде би се придвижиле работите.
На англиската Википедија, на темата Macedonia naming dispute, во врска со тоа кој назив го користат за нашата земја, Германија е класифицирана во земјите кои не признаваат под привремената референца (Countries/entities using "the former Yugoslav Republic of Macedonia" for all official purposes).
Ист е случајот и на македонската Википедија, на темата Спор за името помеѓу Македонија и Грција, каде што Германија е сместена во листата на земји кои ја признаваат Македонија како "поранешна Југословенска Република Македонија"
Но дали ова е потполно точно?
На сајтот на Бундестагот, Македонија на повеќе места е ословувана како Mazedonien (Македонија), а не со привремената референца (благодарност до Зоки Л. за инфото). Еве само два примери:
Deutsch-Südosteuropäische Parlamentariergruppe besucht Mazedonien und Serbien - 28.10.2011
Im Bundestag notiert: Sprachanforderungen beim Ehegattennachzug - 07.12.2011
Напомена: на сајтот на Бундестагот постојат и места на кои Македонија е ословувана со привремената референца, иако според моја лична проценка нивниот број е помал.
На сајтот на германското министерство за надворешни работи, Македонија се чини дека официјално е ословувана со привремената референца но постојат места каде што стои само името Mazedonien (Македонија).
На пример овде може да се види и името Mazedonien (во URL-to, во самиот наслов и долу во текстот), но ја има и привремената референца.
Најважно од сè се чини е тоа што на амбасадата на Германија во Македонија, Македонија е ословувана не со привремената референца туку со името Mazedonien (Македонија).
На пример за адресата на амбасадата стои:
Упатувам апел до уредниците на Википедија, на темата Macedonia naming dispute да се заложат за преместување на Германија од листата на земји кои ја признаваат Македонија под привремената референца, во листата на земји за кои ставот не е прецизиран (Countries/entities where naming is unclear).
Уште повеќе затоа што доказниот материјал со кој моментално се оправдува тврдењето дека Германија ја признава Македонија под привремената референца се тргнати од Нет, следователно невалидни.
Исто така упатувам апел, на темата Спор за името помеѓу Македонија и Грција, да ја преместат Германија од листата Земји кои ја признаваат Македонија како "поранешна Југословенска Република Македонија" во списокот на земји со кои не е дефинирано прашањето. Исто како и во претходниот случај и овде ниедна врска со која се потврдува нивното моментално тврдење не е функционална.
Иницијативата Германија кажи Македонија кој беше претставена и на овој блог, ќе продолжи до остварување на зацртаните цели.
Курир (среда, 18 Јануари 2012):
За време на преносот на вчерашниот ракометен натпревар, германската национална телевизија нè претстави под уставното име.
Ова секако не го отсликува официјалниот став на Германија, но е добар показател кон каде би се придвижиле работите.
На англиската Википедија, на темата Macedonia naming dispute, во врска со тоа кој назив го користат за нашата земја, Германија е класифицирана во земјите кои не признаваат под привремената референца (Countries/entities using "the former Yugoslav Republic of Macedonia" for all official purposes).
Ист е случајот и на македонската Википедија, на темата Спор за името помеѓу Македонија и Грција, каде што Германија е сместена во листата на земји кои ја признаваат Македонија како "поранешна Југословенска Република Македонија"
Но дали ова е потполно точно?
На сајтот на Бундестагот, Македонија на повеќе места е ословувана како Mazedonien (Македонија), а не со привремената референца (благодарност до Зоки Л. за инфото). Еве само два примери:
Deutsch-Südosteuropäische Parlamentariergruppe besucht Mazedonien und Serbien - 28.10.2011
Vom 31. Oktober bis 5. November 2011 wird sich eine Delegation der Deutsch-Südosteuropäischen Parlamentariergruppe unter Leitung des Abgeordneten Peter Weiß (CDU/CSU) in Mazedonien und Serbien aufhalten....In Mazedonien sind auch Gespräche mit den Vorsitzenden der albanisch geprägten Parteien in Tetovo geplant.
Im Bundestag notiert: Sprachanforderungen beim Ehegattennachzug - 07.12.2011
Berlin: (hib/STO) „Sprachanforderungen beim Ehegattennachzug“ thematisiert die Fraktion Die Linke in einer Kleinen Anfrage (17/7921)... Kuba, Mazedonien, Serbien...
Напомена: на сајтот на Бундестагот постојат и места на кои Македонија е ословувана со привремената референца, иако според моја лична проценка нивниот број е помал.
На сајтот на германското министерство за надворешни работи, Македонија се чини дека официјално е ословувана со привремената референца но постојат места каде што стои само името Mazedonien (Македонија).
На пример овде може да се види и името Mazedonien (во URL-to, во самиот наслов и долу во текстот), но ја има и привремената референца.
Најважно од сè се чини е тоа што на амбасадата на Германија во Македонија, Македонија е ословувана не со привремената референца туку со името Mazedonien (Македонија).
На пример за адресата на амбасадата стои:
Deutsche Botschaft Skopje
ul. Lerinska 59
1000 Skopje
Mazedonien
Упатувам апел до уредниците на Википедија, на темата Macedonia naming dispute да се заложат за преместување на Германија од листата на земји кои ја признаваат Македонија под привремената референца, во листата на земји за кои ставот не е прецизиран (Countries/entities where naming is unclear).
Уште повеќе затоа што доказниот материјал со кој моментално се оправдува тврдењето дека Германија ја признава Македонија под привремената референца се тргнати од Нет, следователно невалидни.
Исто така упатувам апел, на темата Спор за името помеѓу Македонија и Грција, да ја преместат Германија од листата Земји кои ја признаваат Македонија како "поранешна Југословенска Република Македонија" во списокот на земји со кои не е дефинирано прашањето. Исто како и во претходниот случај и овде ниедна врска со која се потврдува нивното моментално тврдење не е функционална.
Иницијативата Германија кажи Македонија кој беше претставена и на овој блог, ќе продолжи до остварување на зацртаните цели.
No comments:
Post a Comment