Напис со кој сакам да дадам безрезервна подршка на Хрватите кои на 21 се обидоа да го отстранат незаконски поставеното знаме на ЕУ од централниот плоштад во Загреб и поради тоа беа уапсени од хрватските власти.
Собирот на противниците на ЕУ заврши со апсења (DW 21.01.2012):
Хрватската држава уапси недолжни хрватски граѓани поради тоа што сакаа да отстранат незаконски поставено туѓо знаме. Ова ли се ЕУ вредностите кон кои се стремиме?
Знамиња на ЕУ се истакнуваат и од нашите власти во Македонија, и исто како и во Хрватска таквата практика е НЕЗАКОНСКА, односно не е регулирана со ниеден закон.
Ние не сме земја членка на нивната унија па да треба да го вееме знамето на ЕУ, а со оглед на нивните фашистички и геноцидни барања за укинување на македонската нација и бришење на македонскиот идентитет и име, влез под такви услови е крајно понижувачки и според мене непотребен.
Апсурдно е да вееме знаме на унија во која не само што не сме земја членка, туку и истата таа унија не покажува знаци дека сака нашата земја Република Македонија (под уставното име) да стане нејзина полноправна земја членка.
Упатувам апел до македонските власти да престанат да истакнуваат знамиња на ЕУ, особено не во објектот на Собранието и на Владата на Република Македонија. Во спротивно не е исклучено хрватското сценарио со апсења на недолжни граѓани, еден ден да се повтори и кај нас.
Сликата е превземена од FB и најверојатно е изработена од Хрвати кои се против пристапувањето на Хрватска во ЕУ.
Собирот на противниците на ЕУ заврши со апсења (DW 21.01.2012):
Полицијата и демонстрантите против влез на Хрватска во ЕУ денеска се судрија во Загреб откако неколкумина учесници на протестите се обидоа го симнат знамето на ЕУ од столбот на централниот плоштад. Има и уапсени.
Според досегашните информации, полицијата привела неколкумина организатори на протестите на околу двеста граѓани, кои се противат на влез на Хрватска во ЕУ. Организаторите на протестите ги повикаа граѓаните да гласаат против ЕУ на утрешниот (22.01) референдум и да почнат со, како што велат, „симнување на противзаконски истакнатите знамиња на ЕУ во Загреб“.
Хрватската држава уапси недолжни хрватски граѓани поради тоа што сакаа да отстранат незаконски поставено туѓо знаме. Ова ли се ЕУ вредностите кон кои се стремиме?
Знамиња на ЕУ се истакнуваат и од нашите власти во Македонија, и исто како и во Хрватска таквата практика е НЕЗАКОНСКА, односно не е регулирана со ниеден закон.
Ние не сме земја членка на нивната унија па да треба да го вееме знамето на ЕУ, а со оглед на нивните фашистички и геноцидни барања за укинување на македонската нација и бришење на македонскиот идентитет и име, влез под такви услови е крајно понижувачки и според мене непотребен.
Апсурдно е да вееме знаме на унија во која не само што не сме земја членка, туку и истата таа унија не покажува знаци дека сака нашата земја Република Македонија (под уставното име) да стане нејзина полноправна земја членка.
Упатувам апел до македонските власти да престанат да истакнуваат знамиња на ЕУ, особено не во објектот на Собранието и на Владата на Република Македонија. Во спротивно не е исклучено хрватското сценарио со апсења на недолжни граѓани, еден ден да се повтори и кај нас.
Сликата е превземена од FB и најверојатно е изработена од Хрвати кои се против пристапувањето на Хрватска во ЕУ.
1 comment:
„ДЕМОКРАТСКИ“ МАНИПУЛАЦИИ
ХРВАТСКO НЕ У ЕУ!
Тодор ПЕТРОВ
Вечер вчера објави коментар со наднаслов „Граѓаните на Хрватска го победија евроскептицизмот“, наслов “Две третини Хрвати се изјаснија за ЕУ!“ Впрочем такви беа повеќето коментари и во Хрватска.
ДВЕ ТРЕТИНИ ОД 44%
„Денеска е голем ден за Хрватска. Голем по значење, голем по резултатот. Хрватска ја избра европската заедница на демократски држави кои се стремат кон подобар живот“, изјави прексиноќа хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
Имено, веста вели дека „покрај сите стравувања од забрефтаниот евроскептицизам, Хрватите на завчерашниот референдум се изјаснија дека својата иднина ја гледаат во Европската унија. За членство во европското семејство на народите својот глас го дадоа 66,27% граѓани, додека против беа 33,13%. Неважечки ливчиња беа само 0,60% отсто, соопшти Државната изборна комисија.“
Единствено што, можеби, загрижува е ниската излезност на граѓаните која беше под 44 отсто!!!
„Позитивниот резултат од референдумот е јасен сигнал за целиот регион на Југоисточна Европа...“, наведоа во заедничка изјава претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.
Откако две третини од граѓаните кои излегоа на референдумот се изјаснија за членство во ЕУ, Хрватска веднаш ќе мора да продолжи со подготовките, за од 1 јули 2013 година да стане полноправна членка на Унијата. Министерката за надворешни работи Весна Пусиќ вчера учествуваше во работата на Советот на министри на ЕУ во Брисел, каде беше пречекана извонредно.
НИ ЕДНА ТРЕТИНА ОД ИЗБИРАЧИТЕ
... Така велат официјалните вести. Но, знаете ли која е вистината за референдумот за пристапување на Хрватска во Европската Унија што се одржа на 22 јануари 2012 година?
Според хрватскиот Устав, референдумот е валиден ако мнозинството од излезените избирачи гласат „за“. Вкупниот број избирачи во Хрватска е 4.500.000. На референдум излегле 44% од запишаните избирачи односно 1.980.000, од нив 66% гласале „за“ односно 1.306.800. А, 1.306.800 во 4.500.000 избирачи е 29%, ниту една третина!!!
За влез на Хрватска во Европската Унија гласале само 29% од вкупниот број избирачи во Хрватска, а излегле 44% од вкупниот број запишани избирачи. Ете тоа се “двете третини од излезените избирачи“. 71% од избирачите воопшто не гласале за сојуз на Хрватска во Европската Унија!
МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
... Процедурата за пристапување во сојуз или заедница со други држави во Македонија е поинаква од Хрватска. Според членот 120 од Уставот на Македонија:
„(1) Предлогот за пристапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.
(2) Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со дво-третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
(3) Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.“
Тоа значи, дека за пристапување на Македонија во сојуз со ЕУ или НАТО, Собранието треба да донесе одлука со најмалку 82 пратеници, која стапува во сила доколку од вкупно запишаните 1.830.384 избирачи на референдумот гласат мнозинство или најмалку 915.193 избирачи. Оваа бројка е практично недостижна, ако не постои силен мотив за излезеност на граѓаните!
Ако антимакедонизмот на Хеленската Република, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Атина за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Елада, Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во овие сојузи на држави. Практично, референдумот за пристапување на Македонија во сојуз со ЕУ или НАТО под вакви околности е еднакво на големо големо НЕ У ЕУ! НЕ У НАТО! Тоа европската и натовската бирократија добро го знаат, но глумат лудило, нудат навредливо барање кое никој не прифаќа!
Post a Comment