Неодамна Унгарија, го измени својот Устав при што го промени и официјалното име на државата од „Република Унгарија“, во само „Унгарија“.
Канал 5 (03.01.2012, 10:41):
Овој случај за нашата земја е особено значаен поради некои настани кои што логично следуваат да се случат, односно поради прочување на начинот на кој промената на уставното име на Унгарија ќе биде прифатена во Обединетите Нации.
Како што сите знаеме - нашата земја во ООН е заведена не под уставното име туку под привремената референца. Па доколку начинот на прифаќање на промената на уставното име на Унгарија е само преку просто известување до секретарот на ООН, тогаш тоа значи дека државниот врв на Република Македонија може да побара уште веднаш бришење на привремената референца и на нејзино место впишување на уставното име - Република Македонија и истото тоа да биде прифатено.
За ова имаат пишувано Јанко Бачев и Владимир Голубовски во нивната книга Предлог државна стратегија за одбрана на уставното име на Република Македонија (1 јули, 2009):
Нејасностите за начинот на промена на името во рамки на ООН, македонскиот државен врв може да ги проучи активно во текот на нивното случување преку случајот со Унгарија.
Канал 5 (03.01.2012, 10:41):
Невладините организации и опозицијата протестираа под слоганот „Ќе биде повторно Република“, изразувајќи го своето незадоволство што земјата веќе не се вика Република Унгарија туку само Унгарија.
Овој случај за нашата земја е особено значаен поради некои настани кои што логично следуваат да се случат, односно поради прочување на начинот на кој промената на уставното име на Унгарија ќе биде прифатена во Обединетите Нации.
Како што сите знаеме - нашата земја во ООН е заведена не под уставното име туку под привремената референца. Па доколку начинот на прифаќање на промената на уставното име на Унгарија е само преку просто известување до секретарот на ООН, тогаш тоа значи дека државниот врв на Република Македонија може да побара уште веднаш бришење на привремената референца и на нејзино место впишување на уставното име - Република Македонија и истото тоа да биде прифатено.
За ова имаат пишувано Јанко Бачев и Владимир Голубовски во нивната книга Предлог државна стратегија за одбрана на уставното име на Република Македонија (1 јули, 2009):
Македонија може да бара да го промени своето име преку Секретаријатот, едноставно известувајќи го Генералниот секретар дека сака да биде нарекувана со името „Република Македонија“. Во овој контекст, му препорачуваме на државниот врв да го проучи востановениот прецедент од страна на Белорусија и Украина, кои своевремено го променија своето име со едноставна нотификација до Генералниот секретар за промена на името.
Во моментот не е сосема јасно дали Генералниот секретар ќе ги нотифицира другите членки и органи на ОН за промена на името или ќе му го препушти прашањето на Генералното Собрание или на Советот за безбедност. Генералниот секретар може да одлучи да го достави барањето до Генералното Собрание поради овластувањето на Собранието да одлучува за работи што се однесуваат на продолжено членство. Причините за одлуката на Генералниот Секретар да го достави барањето до Советот за безбедност содржат факти што се однесуваат на меѓународниот мир и безбедност како и фактот дека Советот прв даде препорака за прием на Македонија во Обединетите Нации.
Не чекајќи што ќе преземе Генералниот Секретар, сметаме дека тактички е добро, веднаш по известувањето на Генералниот секретар, Македонија да започне да го употребува своето уставно име на својата табличка во ОН, притоа повикувајќи се на своето домашно право, пред сè, на Уставот.
Нејасностите за начинот на промена на името во рамки на ООН, македонскиот државен врв може да ги проучи активно во текот на нивното случување преку случајот со Унгарија.
No comments:
Post a Comment