Претседателот на СМК, Тодор Петров, неодамна иницираше идеја за преименување на општина Центар во Александрија:
На ова од порталот Sky Mk (22 Јануари 2012) се надоврзаа со свое тврдење:
Од своја стана јас би ја покренал идејата, доколку навистина желбата е да се оддаде почит кон нашите великани и историја, најпрво улиците како: Кратовска, Кочанска, Кривопаланечка... кои што ги има во повеќе македонски градови, а во некои населби од осумдесетите години безмалку сите улици во недостаток на инвентивност се именувани по овој принцип, да добијат нови имиња по заслужни македонски дејци, без оглед на тоа во кој период живееле и работеле.
Општина Центар треба да се преименува во општина Александрија... Името е достојно за централната општина на македонската метропола, имајќи предвид дека и скулптурите на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски се наоѓаат на подрачјето на оваа општина, од левата и десната страна на реката Вардар.
На ова од порталот Sky Mk (22 Јануари 2012) се надоврзаа со свое тврдење:
Власта... има план да менува имиња на градови, велат извори блиски до власта.
Како градови и општини, кои најчесто се споменуваат за нови имиња се општините Центар, Аеродром и Кисела Вода.
Едно од имињата кои најчесто се вртат во јавноста е Александрија.
Од своја стана јас би ја покренал идејата, доколку навистина желбата е да се оддаде почит кон нашите великани и историја, најпрво улиците како: Кратовска, Кочанска, Кривопаланечка... кои што ги има во повеќе македонски градови, а во некои населби од осумдесетите години безмалку сите улици во недостаток на инвентивност се именувани по овој принцип, да добијат нови имиња по заслужни македонски дејци, без оглед на тоа во кој период живееле и работеле.
No comments:
Post a Comment