Денес, 9 јули 2011 година, Република Јужен Судан ја прогласи својата независност. Нека им е со среќа!
Имајќи предвид дека САД, Германија и Египет ја поздравија оваа одлука, а дури и Судан* го призна својот нов јужен сосед, нема причина да веруваме дека истото нема да го направат и поголем дел од земјите во светот, вклучително и Македонија.
Ова е добра можност за нас уште една земја во светот да не признае под уставното име и тоа мора што побрзо да се искористи од нашето МНР во овие почетни моменти, пред грчкиот дипломатски вирус да го инфектира раководството во оваа најнова земја.
Иако Јужен Судан не е во ООН, се очекува наскоро таа да стане нејзина 193 земја членка според најавата на претседателот на парламентот на Јужен Судан.

Црната боја на знамето на Република Јужен Судан ја претставува бојата на кожата на нејзините граѓани; црвената ја претставува крвта на борците за слобода кои во текот на конфликтот биле ранети или убиени; зелената го претставува земјоделскиот потенцијал на земјата; двете бели ленти се за мирот во Јужен Судан; сината боја лево ја претставува реката Нил, а жолтата ѕвезда го симболизира единството во земјата.
*Македонија воспостави дипломатски односи со Судан на 26.04.1996 година и тоа според некои извори (Утрински Весник) под уставното име - Република Македонија.

No comments:
Post a Comment