Да се биде вистински интернет -Македонец
Именувањето со Република Македонија на интернет-страницата Јутјуб и во енциклопедијата „Википедија“ го сметам за еден од најголемите успеси на македонската интернет-заедница, вели Стеванов
Александар Стеванов, блогер за дефиромизација
Александар Стеванов стои зад блогот њњњ.и-мацедониан.блогспот.цом. Како што вели, тоа е блог за „збиднувањата во и околу Република Македонија, за притисоците и за негирањето на нашиот идентитет и за тоа како е да се биде вистински интернет-Македонец“. Александар и неговите истомисленици, кои ја делат истата идеја, имаат преземено повеќе акции за дефиромизација на нашето име на странски владини страници и на други интернет-сајтови. Една од најновите акции беше испровоцирана од барањето на Грузија државите да ја именуваат како Џорџија. Блогерите и пратија абер на Владата во Тблиси - а вие нас да нé признаете под уставното име?
Стеванов, од каде идејата за ваква акција?
- Писма до места до кои треба да се протестира, како во случајот со Грузија, сум праќал и пред да го почнам блогот. На некој начин, блогот е повеќе средство отколку цел само по себе. Очекуваме преку покажување успешни примери за дефиромизирање да се поттикнат луѓето да преземат слични активности во оваа насока. Идејата дојде спонтано. Сведоци сме на неправдите што ни се вршат често, на кои се реагира неадекватно, со обично празнење на фрустрацијата преку говор на омраза и префрлање на топката кај Владата. За мене, пологично и пооправдано е кога човек не сака неговата земја да ја нарекуваат со различно име, самиот да се обиде во рамките на неговите можности да преземе нешто, без оглед дали ќе успее или не. Како и со сé друго, доколку желбата не нé поттикне кон преземање конкретно дејствие, тогаш од неа нема никаква корист. Доколку јасно и гласно не им го кажеме нашиот став на оние што не фиромизираат тие нема да знаат што мислиме во врска со тоа. Интернетот е алатка со огромни можности и треба да ја искористиме.
Сам ли сте зад блогот?
-Блогот постои од крајот на 2008 година, а поттикот за негово отворање ми го дадоа неколкуте македонски блогови, кои во тоа време почнав често да ги читам. Самата идеја за блогирање ми стана симпатична. Преку блог човек може да каже што мисли без притоа тоа мислење насилно да го наметнува на другите.
Блогот го уредувам сам и речиси сите текстови се мои. На туѓите текстови им го наведувам изворот. Но иницијативите најчесто се координирани со други луѓе што ги поддржуваат и помагаат за нивно остварување и проширување низ Интернет на различен начин. Често за различни работи во врска со иницијативите ми помагаат пријатели, кои се исто така активни на мрежата, т.е имаат блог или се форумџии. Човек не може сам да постигне резултати ниту во реалниот ниту во виртуелниот простор.
Дали сте задоволни од резулатите од вашата акција?
- Убеден сум и знам дека во врска со името, вистината и фактите се на македонска страна и дека доколку комуницирам со човек што вистински е спремен да ги разгледа фактите, Македонија ќе биде запишана како Македонија, а не под привремената референца. Многу често така и се случува, по неколку разменети писма да нé запишат како Македонија или Република Македонија. Се случувало и самите веб-мастери или уредници да ми кажат дека тоа што нашата земја ја нарекуваат ФИРОМ е само поради незнаење или директно копирање на листите и дека не е намерно.
Комплексно е прашањето за успехот, затоа што дури и ако не успееме да се избориме да ни се обраќаат со нашето име, ќе остане забележано дека не сме се согласиле со таквиот став и не сме протестирале. А, успех е и доколку се мотивираат барем неколку луѓе повеќе да се ангажираат за Македонија и за нејзиното име, со што подоцна тие ќе жнеат успеси, на кои ние ќе бидеме горди. Успех е и доколку некој што досега мислел дека се бори за Македонија со тоа што се препукува и шири говор на омраза кон соседните земји да проба борбата да ја води на ваков начин.
Како е да се биде Македонец во интернет-сферата, колку често наидувате на оспорување на името и идентитетот?
- Избегнувам да посетувам страни што нé нарекуваат со име различно од Македонија (Република Македонија) и тоа го напоменувам во случаите кога барам некоја од нив да нé нарекува со нашето вистинско име. Но колку и да ги избегнувам ваквите страни секојдневен потсетник на референцата и на оспорувањето на името на земјава ми е и оперативниот систем Виндоус во кој јазикот, за жал, е заведен како македонски (поранешната југословенска република), иако ниту во привремената спогодба, а ниту каде и да е во ООН јазикот и придавката не се заведени на тој начин ниту, пак, Македонија се согласила да биде заведена така.
Во принцип, на сите софтверски решенија и интернет-страни на гигантот „Мајкрософт“ нé нарекуваат со привремената референца и проблемот со нив е во тоа што нема како да се воспостави директна комуникација со одговорните, мора преку посредници. Сепак, ситуацијата со името на Интернет денес е далеку подобра, отколку пред неколку години кога и третата најпосетена страна во светот Јутјуб и најмасовна енциклопедија на Интернет Википедија нé именуваа со референцата, а не со нашето уставно име. Се надевам дека ова е индикатор и за ставот на луѓето во светот во врска со нашето име.
Автор: Фросина Димеска (Нова Македонија, Australian-Macedonian Weekly, Macedonian Spark и Матица на Иселениците)

No comments:
Post a Comment