Tuesday, July 19, 2011

Alibaba кажа Македонија!

По барањето од 8 јули, на Дарко Г. читател на овој блог:

Ве молам да реагирате до сајтот www.alibaba.com. Тоа е кинески сајт, малцински акционер е Yahoo. Таму сме ставени под реферанца ...

Беше преземена поширока акција со која одговорните луѓе од сајтот Alibaba.com беа замолени да ја тргнат привремената референца и да напишат кратко и јасно "Macedonia" при што доставени беа и поголем број на докази и аргументи.

Среќен сум да ве инфорирам дека по десетдневна напорна и постојана комуникација со одговорните луѓе од сајтот при која тие не покажуваа никакви знаци дека ќе ја исправат грешката, сепак во текот на вчерашниот ден тие попуштија пред вистината и го прифатија нашето барање.

Пред да ја започнеме иницијативата, привремената референца беше присутна на 3635 места на овој сајт, како и во листата на земји:


Од вчера тоа е минато. Привремената референца не фигурира на ниедно место, а името "Macedonia" може да се види на 3645 места (врска):


Значи ова не е само уште една, туку вкупно 3635 успешни дефиромизации!

Сакаме да напоменеме дека Alibaba.com не е некој незначаен сајт. Според Wikipedia сајтот се смета за:

world's largest online business-to-business trading platform for small businesses.

што само дава потврда за колкава е вредноста на постигнатиот резултат.

Alibaba.com е и на 74 место на листата на најпосетени сајтови во светот (!) според методологијата на Alexa (врска) и има над 65 милиони (!) регистрирани корисници!

Сега никој од тие над 65 милиони корисници нашата земја нема да ја запознава под привремената референца туку под името "Macedonia". Благодарност до сите кои учествуваа во оваа иницијатива и нека ни е честито постигнатиот успех!

1 comment:

Anonymous said...

bravo!