Monday, July 18, 2011

Целосен успех со веб страната на израелското МНР

Во текот на вчерашниот ден добив известување од одделот за односи со јавност на министерството за надворешни работи на Израел и од нерезидентниот Амбасадорот на Израел за Македонија дека акронимот од привремената референца е тргнат од страната на израелското министерство за надворешни работи.

Во претходниот пост Ве информирав дека на сите места освен едно (и URL) кадешто стоеше акронимот од привремената референца тој е заменет со "Macedonia, Republic of".

Сега на сите места (вклучително и URL) стои кратко и јасно "Macedonia" (врска1, врска2):



Инаку проверив како била заведена Македонија во изминатите години и дојдов до заклучок дека на 1 мај 2007 (врска), Македонија била заведена под името "Macedonia", но до промена дошло некаде околу 6 октомври истата година.

И на 6 септември 2008 (врска), како и на 23 јануари 2009 (врска) Македонија продолжила да е заведена под акронимот, а така и останало се до преземање на иницијативата.

Уште една успешна дефиромизација. Благодарност до сите кои се потрудиле истата да стане реалност и благодарност до израелското министерство за разбирањето. Се надевам ова да инспирира некого за преземање на слични активности.

No comments: