Saturday, June 18, 2011

Историчарите признаа дека ги измислиле древните Грци ???

Иако на повеќе македонски Интернет страници претходно бил објавуван, на првиот ден од овој месец на Он.Нет повторно беше објавен текстот со наслов „Историчарите признаа дека ги измислиле древните Грци“ со што направија забуна кај Македонците (особено оние патриотски настроените).

Историчарите признаа дека ги измислиле древните Грци (On.net)

Статијата напишана како што е, изгледа дека е во полза на Македонците. И се би било убаво доколку не се работеше за ништо повеќе од фикција.

На повеќе места каде што се линкуваше кон статијата укажував дека се работи за измислица на што не ретко наидував на осуди на моја сметка, изблици на патриотизам, чукање в гради, прогласување предавници исл. Веќе немам интерес за со кажување на вистината да си прибирам негативни поени, а и немам желба на секое место каде што ќе го сретнам овој напис да објаснувам што и како.

Се надевам дека преку овој блог напис оние кои што се интерсесираат за вистината ќе ја слушнат.

Имајќи предвид дека Грција како земја во антиката не постоела не е далеку од вистината дека античката грчка историја е измислена, но сепак конкретниот текст е фикција и главните ликови во него се измислени и не постојат во реалниот свет. Еве зошто:

Првично овој текст е објавен на Интернет The Onion

Historians Admit To Inventing Ancient Greeks (TheOnion)

Оваа страница иако делува сериозно и релевантно, всушност прави пародија со тоа и е сатиричен сајт на кој што повеќето вести се измислени. Еве две од купиштата измислени приказни:

Бин Ладен го уништи Њујорк и Вашингтон - врска

Од последните 4 минути на последниот филм со Хари Потер ќе се направат 7 филма - врска

Но ајде да се осигураме и да провериме дали професорот Џин постои или не. Ова е страницата на универзитетот Џорџтаун: http://www.georgetown.edu/

Пребарајте на страницата на универзитетот дали фигурира таков професор со име Џин Хедлбери (Gene Haddlebury) или едноставно кликнете овде

Зарем не е чудно што шеф на катедра не фигурира никаде на сајтот на универзитетот? Па и не е знејќи дека се работи за измислен лик. Доколку сè уште не сте убедени контактирајте го универзитетот и прашајте ги на оваа адреса help@georgetown.edu

MYTH BUSTED !!!

Со тоа што Он.Нет ја објавија оваа статија иако и претходно беше кажувано дека се работи за измислица нанесоа (се надевам ненамерно) голема забуна меѓу Македонците на Интернет. А самиот факт дека статијата е споделена над 4000 пати говори доволно.

No comments: