За помалку од 24 часа www.sloexport.si (база на податоци на словенските извозници), страницата кон која што упативме апел да ја избришат привремената референца и на нејзино место да го напишат нашето уставно име го го сторија тоа.
Бидејќи не се надевав дека толку брзо ќе си ја исправат грешката, не ги фотографирав страниците за да имам доказ, но при пребарување на Google сè уште не се обновени па стои стариот назив на нашата земја и може да послужи како доказ.
Да напоменам ова е само на Google и само додека не се обнови со новите информации од страницата (претпоставувам неколку дена).
Доколку отидете на било која од посочените врски (пример првата: HIDRIA IMP KLIMA D.O.O. - SloExport) нема да ја најдете нашата земја заведена под привремената референца, како што беше пред помалу од 24 часа, туку под уставното име „Република Македонија“.
Како втор доказ, каква била страната пред да се прати писмото може да се провери преку Google Cash. Еве фотографија на HIDRIA IMP KLIMA D.O.O. - SloExport каква што била на 14 Jun 2011 11:18:04 GMT (пред да им се прати протестното писмо и пред да ја избришат привремената референца од нивниот сајт)
За споредба истата страна сега:
Сакам ова да биде поттик кон сите оние на коишто фиромизирањето им пречи да не седат со скрстени раце туку да се изборат тоа да запре. Претходната статија е добар пример како аргументирано да се делува во таа насока.
Уште еден случај на успешна дефиромизација!

No comments:
Post a Comment