Wednesday, June 01, 2011

Зошто ќе гласам

Пет причини зошто на престојните парламентарни избори треба да излеземе и да го дадеме својот глас за партијата за којашто сме се одлучиле:

1. Затоа што македонските револуционери се бореле за извојување на правото Македонците сами да можат да одлучуваат за тоа кој ќе раководи со Македонија. Зарем своеволно да се лишуваме од тоа право за кое тие гинеле.

2. Затоа што поголема излезеност на изборите е предуслов за подемократски избрана власт. Поголема излезеност предполага дека народните претставници во парламентот се навистина избрани од граѓаните, а не само од половината од граѓаните.

3. Затоа што поголема излезеност е гарант за пофер изборен процес. Зарем има таков кој меѓу толпата од народ ќе се дрзне да прави изборни нерегуларности и инциденти?

4. Затоа што поголема излезеност предполага избор на подобар парламентарен состав и подобра влада. Да се присетиме на народната поговорка: "Повеќе глави мислат попаметно од една (помалку)"

5. Затоа што секој глас е важен и подеднакво значаен. Зарем ќе дозволиме наместо нас другите да одлучуваат за нашата и за судбината на Република Македонија?

No comments: