Saturday, May 28, 2011

Семејно гласање?

Дали може еден обичен гласач од кого не зависат големите одлуки на ДИК и на партиите да даде свој придонес за што пофер и порегуларно спроведување на изборите? Се разбира дека може.

На последните локални и претседателски избори ОБСЕ/ОДИХР меѓу останатото го посочи и следниот недостаток:

Семејното гласање беше забележано во 13 проценти од посетените гласачки места, што е сè уште висок број...

Понатаму ова е дообјаснето:

И покрај севкупната позитивна оценка, беа забележани бројни процедурални прекршувања, но сепак во помала мера отколку на 22 март. Случаи на СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ беа забележани во 13 проценти од гласачките места, СÈ УШТЕ ВИСОК ПРОЦЕНТ но значително помал отколку пред две недели. Семејното гласање повторно беше пораспространето во областите каде живеат етнички Албанци (23 проценти, споредено со 7 проценти во остатокот од земјата).

Случаите на семејно гласање придонесоа за овие негативни забелешки за степенот на спроведувањето на фер избори во Република Македонија. Мораме да ја подобриме сликата на меѓународната заедница за демократската свест на македонскиот гласач. И не се работи само за тоа како ќе не оценат ОБСЕ/ОДИХР, се работи за нешто посуштинско.

Мораме да ги почитуваме законите на Република Македонија, а тајноста на гласањето е загарантирана.

2. Еднаквост на избирачкото право, Член 3 од Изборниот законик:

(1) Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со ТАЈНО гласање.
(3) Никој не може да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал

Во услови кога сите се залагаме за демократија, освен декларативно тоа мора да го спроведуваме и на дело. Затоа на денот на изборите да не дозволиме случаи на семејно гласање!

No comments: