Friday, June 03, 2011

Анализа: партиите за наметнатиот спор со името 2

Втор дел од анализата за тоа каков е ставот на македонските партии во врска со наметнатиот проблем со името од страна на Грција.

За да ја видите претходната анализа во која се опфатени партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Демократска Десница и ЛДП, кликнете овде!

5. Обединети за Македонија

Еве што стои во програмата на ОМ (на денот кога ја објавивме претходната анализа поради тоа што сајтот на ОМ не беше фунционален ја немавме нивната програма) по ова прашање:

Активна државна политика на сите полиња. Најмногу сили ќе вложиме да ја одбраниме Република Македонија на фронтот на економијата, нашето име, јазик и идентитет.

Обединети за Македонија смета дека ниту една партија, вклучително и нашата, нема право да го менува името на Република Македонија. Воедно, Обединети за Македонија се залага за постигнување хармонизирана национална позиција со сите политички партии во врска со ова прашање. Поларизираното политичко миље ги намалува нашите шанси за членство во НАТО и во ЕУ. Обединети за Македонија го осудува контрадикторниот, несериозниот и штетен начин на кој актуелната Влада на Република Македонија му пристапува на ова прашање од витален интерес за државата.

6. Социјалдемократска Унија

Како што спомнав минатиот пат иако ги прашавме преку е-пошта сепак не ни одговорија. Еве што во врска со наметнатиот спор со името стои во програмата на СДУ:

Повеќе од јасно е дека евро-атлантската интеграција на Македонија е поврзана со решавањето на ирационалниот спор со Република Грција за прашањето на меѓународното име. На тој начин прашањето за меѓународното име се поставува во самиот центар на процесот и ги обединува сите цели на една држава – безбедноста, економскиот развој, демократијата, социјалниот развој. Се покажа без исклучок насекаде во земјите од Источна Европа дека со зачленувањето во НАТО и ЕУ доаѓа економскиот напредок, демократијата и подобриот животен стандард.

Единственото прашање кое го попречува нашето евро-атлантско интегрирање, прашањето за меѓународната употреба на меѓународното име на Република Македонија со нашиот јужен сосед ќе го решиме со компромис кој нема да навлегува во Уставот и уставното, историско име на македонскиот народ. Сметаме дека новото меѓународно име што ќе овозможи влез во НАТО и ЕУ значи многу повеќе за перспективата на државата и граѓаните од сегашната ситуација каде како меѓународно име 15 години се користи името Поранешна Југословенска Република Македонија или скратено ПЈРМ, при што Македонија е надвор од НАТО и ЕУ.

Затоа, СДУ се залага за:

• Интензивирање на преговорите под покровителство во ООН со конкретни предлози, рокови и план

• Непромена на Уставот на државата. Никој нема право да чепка во Уставот и да го менува името на Република Македонија

• Отфрлање на прашањето за јазикот и за идентитетот од дебатата за процесот на преговорите. Јазикот и идентитетот не се предмет на преговорите и никогаш не биле. Преговори за овие прашања не само што се нелогични, туку се и навредливи

Сакам да појаснам дека во нивната програма терминологијата која што се користи е погрешна. Поранешна Југословенска Република Македонија не е ниту име, а камоли меѓународно име. Таа формулација е привремена референца која е да се користи во рамките на ООН, а не за секаква меѓународна комуникација. Да додадам дека над 120 земји не имаат признато под уставно име.

7. Демократска Унија за Интеграција

Во програмата на ДУИ на македонски јазик (преведена од www.mojotizbor.mk) накратко е спомнат проблемот со името и нивниот не доволно јасен став по ова прашање.

Несомнено стратешки приоритет на Демократска унија за интеграција е членството на Република Македонија во Северо-атлантската алијанса. Нашиот политички и демократски придонес ќе продолжи и понатаму во исполнувањето на обврските на нашата држава, се цел полноправно членство во НАТО. Ние активно го подржуваме учеството на Војската на Република Македонија во мировните мисии каде учествуваат и Албанците. ДУИ смета дека Р.М. ги исполнила сите критериуми за членство во НАТО, спорот за името со Грција останува повторно единствената пречка. Директно приклучување на ДУИ преку приклучувањето на нејзиниот претставник во Националниот совет на Р.М., ја докажува политичката определбата на ДУИ и возвишувањето на целокупните вредности на албанскиот фактор во Македонија.

8. Партија за демократски просперитет

Во 9 страници долгата програма на ПДП (преведена од www.mojotizbor.mk) во врска со наметнатиот спор со името накратко стои:

Унифициран политички став на албанските политички партии, бранејќи ги интересите на културното-историско наследство на Албанците во врска со “македонско-грчиот конфликт” за името на Македонија и пакетот на аранжманот на овој “спор”

9. Национална демократска унија

Во програмата на НДУ (преведена од www.mojotizbor.mk) на македонски јазик, спорот со името е само накратко спомнат:

Освен решавањето на спорот помеѓу Атина и Скопје во врска со името, исполнувањето на барањата на албанците во Македонија би влијаело позитивно во стабилизирањето на државата и регионот, како на економски така и на безбедносен план.

Во програмата на Партијата на обединети демократи за Македонија (ПОДЕМ), во програмата на Европска Партија на Македонија, во програмата на ДПА, во програмата на Национална демократска преродба (НДП), како и во програмата на Нова Демократија не сретнавме на ниту едно место да се спомнува што и да е поврзано со спорот за името.

Програмата пак на партијата Достоинство иако предизборната кампања завршува денес таа сеуште е во изработка па нема како да видиме каков е нивниот став за името. Програма сеуште нема и ВМРО-НП

No comments: