Wednesday, May 11, 2011

Панкот не е мртов

Без никакви претходни очекувања, филмот "Панкот не е мртов" го гледав пред околу еден месец на премиерата на кино и бев пријатно изненаден. Не би го сместил во најдобрите десет македонски филмови, но секако е еден од подобрите и претставува освежување за македонската кинематографија.

Со оглед на нискиот буџет филмот е доста добро склопен и има многу забавни моменти. На некој начин и самата нискобуџетност помага за поверодостојниот приказ на настаните.



Ми се допадна дека филмот обработува тема за долниот слој на општеството којшто не се труди со крема и шминка да ја замаскира вистината баш како што и филмот не се обидува да ни покаже реалност поубава одошто онаа што е.

Ми се допадна тоа што во филмот луѓе со различно етничко потекло и вера се борат за она во што веруваат, а особено ми се допадна поуката која вели дека омразата постои и на двете страни и дека можеме да бидеме засегнати од таа омраза без оглед на тоа на која страна се наоѓаме. Таа омраза може да се победи само со љубов, пријателство, разбирање и нормални меѓучовечи односи.

Панкот во филмот пред сè е н.з.с. и симбол не за бришењето на разликите меѓу луѓето туку за пронаоѓање на сличностите. Симбол којшто во реалниот живот е еквивалент на спортот, уметноста и другите обединувачки заеднички активности.

Улоги: Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Џевдет Јашари, Ратка Радмановиќ, Кирил Поп Христов, Флора Достовска, Владимир Тулиев, Дани, Јовица Михајловски...

Punk Film Production, 2011

Сценарио и режија: Владимир Блажевски

Официјален трејлер - врска

No comments: