Едно утро пред околу еден месец видов дека немам паметна работа па решив да си создадам некоја непаметна. Тргнав од дома на пеесеткилометарски пат.... Пешки... А единствена придружба ми беше мојот верен пес.
На тој пат сретнавме најразлични луѓе и кучиња. Некои луѓе не гледаа со прекор во очите. Некои не отпоздравуваа со широка насмевка. Некои кучиња воопшто не не забележуваа. Некои жестоко лаеја по нас. Едни дури и не нападнаа. Едвај го удржав мојот луд пекинезер да не ги изеде.
Сепак најголем впечаток ми остави едно неколку месеци старо кученце. Ни пријде додека пиевме вода од една чешмичка. Се помириса со мојот кучешки придружник и седна до нас. Беше малечко, рунтаво и црно. Веројатно шарпланинец. Беше оставено само на себе, а сигурно би усреќило некое дете.
Немавме многу време за дружба. Сонцето веќе почнуваше да заоѓа, а ние бевме гладни, преморени и на десетина километри од дома. Малечкото кученце чиешто име не го знаевме, а решивме да го викаме Џеки остана зад нас и со тажен поглед не следеше како заминуваме. Што ли му минуваше низ главата?
Не изодевме ни пеесетина метри кога забележавме дека на патот лежи безпомошното тело на исто такво кученце коешто се разликуваше само по бојата.... Беше бело.
Некој го беше згазил братот на Џеки.
Кој ли беше виновен? Дали можеби неговиот газда којшто го беше пуштил да се шета само покрај патот? Кучето е најдобар пријател на човекот но не и обратно.
Или пак можеби возачот што го беше згазил? На место кадешто се вози под 40 некои возеа со над сто.
Ми падна жал. Можеби бев единствениот. Таму ретко кој минува пешки. А и не беше голема работа, згазиле куче, па што. Да згазеа човек ќе беше поинаку ќе јавеа и на вестите, а и полицијата ќе се заинтересираше. Ова беше само едно мало невино куче за кое законите иако постојат сепак не важат.
Не се сомневам дека и Џеки го чека истата судбина ако неговиот газда не почне да се грижи него.
За евентуалната несреќа нема да бидеме информирани.

No comments:
Post a Comment