Голема врева се крена за преименувањето на македонскиот јазик од графата во UNTERM, таа и само таа грешка луѓето од ООН ја поправија и ние си се стишивме. Зошто и кој ја направил според ООН ненамерната грешка ретко кој и се запраша. Некои велат дека е за да не тестираат дали ќе реагираме или безгласно ќе го проголтаме сервираното. Епа региравме гласно и јасно, ама штета што проблемот го истретиравме - секое чудо за три дена, наместо на истото да му пристапиме потемелно и во континуитет.
Позитивно е што масовно реагиравме за промената на јазикот. Негативно е што ретко кој спомна и за другите проблеми со кои Република Македонија е погрдена на официјалните електронски изданија на ООН. Некои поради намерна или ненамерна грешка од ООН, а некои по наша вина.
Грешките кои Македонија мора да бара од ООН да се исправат се спомнати во постот UNTERM - грешки
Овојпат грешка односно недостаток за кој ООН не ни се виновни и Македонија само мора да си ја исправи.
Доколку од листата со земји http://www.un.org/en/members/index.shtml кликнете на Македонија, а потоа кликнете на линкот (www.macedonia-un.org) кој би требало да ве одведе до сајтот каде би се информирале за Република Македонија и за активноста на земјата во ООН, наместо тоа ќе ве одведе до сајт кој вечно е "under construction"
Еве го и директниот линк www.macedonia-un.org
Доколку од владата не се сетија за ова, барем на новинарите да им текнеше. А можеа и од опозицијата да реагираат и тоа со право. Наместо тоа тие повеќе преферираат да покренуваат неаргументирани дневнополитички обвинувања. За што нашите претставници се пратени таму и која функција ја вршат кога не можат да си подржуваат еден обичен сајт?
Жално е што како земја трошиме огромни суми на пари на рекламни кампањи за промоција на Македонија, а местата од кои речиси бесплатно можеме да се промовираме, како овој вербсајт на пример, ги забораваме.

No comments:
Post a Comment