Германија е една од неколкуте европски земји кои сè уште нè немаат признато под нашето уставно име. Пред неколку месеци во Берлин беше одржан митинг со барање Германија да нè признае под уставно име. За да дадеме свој придонес во оваа битка на нашите во Германија решивме да иницираме Интернет кампања со истата цел.
Немаме заблуди дека со ова ќе постигнеме којзнае колку голем успех, ама ако постојано се водиме од дефетистичка филозофија, сигурно е дека никогаш и нема да постигнеме нешто со што ќе направиме разлика. Од друга страна пак ако сите запнеме со здружени сили и ако секој го даде својот максимум, неминовно ќе успееме да се избориме за нашето име.
Дури и да не успееме сега, ефектот од иницијативата ќе се кумулира и ќе дојде моментот кога последната капка што ќе ја наполни чашата, колку и да е мала ќе резултира со признавање на Македонија под уставно име.
Писмото е адресирано до:
Амбасада на Германија во Македонија - Линк
dtboskop@unet.com.mk
dt.boskop@mol.com.mk
Парламент на Германија - Линк
mail@bundestag.de
Совет на Германија (Бундесрат) - Линк
Мисија на Германија во ООН, Њујорк - Линк
germany@un.int
Мисија на Германија во ООН, Женева - Линк
mission.germany@ties.itu.int
Влада на Германија - Линк
Претседател на Германија
bundespraesident@bpra.bund.de
bundespraesidialamt@bpra.bund.de
Претставник на Германија во ЕУ - Линк
info@eu-vertretung.de
Мисија на Германија во OSCE - Линк
Доколку имате можност напишете ваш текст во кој најкултурно и аргументирано побарајте признавање на Република Македонија под уставно име, и пратете го на сите посочени адреси.
Доколку немате време и идеја што да напишете, слободно копирајте и пратете го текстот на германски (долу):
Sehr geehrte Damen und Herren,
Am 15. April 1993 hat die Bundesrepublik Deutschland die Republik Mazedonien als selbstständigen Staat anerkannt, sodass beide Länder diplomatische Beziehungen aufnahmen. Allerdings war die Anerkennung nicht unter dem verfassungsmäßigen Namen unseres Landes - Republik Mazedonien, sondern unter der vorübergehenden Referenz, mit der die Republik Mazedonien in die UNO aufgenommen wurde.
Wir Bürger der Republik Mazedonien glauben, dass diese Entscheidung die vorübergehende Referenz als Bezeichnung für unser Land anzuwenden nicht den Prinzipien als auch den Rechten von Freiheit und Gerechtigkeit entspricht.
Die Referenz, unter der die Republik Mazedonien in die UNO aufgenommen wurde, ist nur für die Verwendung innerhalb der UN, wie in der Resolution 817. angegeben.
Ein weiterer Grund ist, dass die vorläufige Referenz unter der Mazedonien in die UNO aufgenommen wurde, eine vorübergehende Referenz darstellt - aber keinen Namen!
Wir, die Bürgerinnen und Bürger der Republik Mazedonien mit Sinn für Gerechtigkeit und Fairness, bitten, dass die grundlegenden Menschenrechte und Prinzipien auch für uns gelten. Haben wir es nicht verdient, unseren Namen zu tragen, den wir gewählt haben und mit welchen wir uns seit Jahrhunderten selbst nennen und definieren?
Unsere Bitte an Sie ist dazu beizutragen, die Ungerechtigkeit und Diskriminierung zu beenden und unser Land unter seinem historischen und verfassungsmäßigen Namen anzuerkennen - Republik Mazedonien.
Wir möchten anmerken, dass über 130 Länder weltweit, darunter die USA, Kanada, Brasilien, Indien, China, Japan, Russland ... unsere Heimat unter ihrem verfassungsmäßigen Namen anerkannt haben!
Auch möchten wir nicht vergessen zu erwähnen, dass wir die öffentliche Meinung Deutschlands zur Kenntnis genommen haben, in der wir überwiegend mit unserem verfassungsrechtlichen Namen bezeichnet werden.
Der Name unserer Heimat ist Republik Mazedonien! Wir Bitten dies zu respektieren, so wie wir immer Ihren Namen respektiert haben!
Mit freundlichen Grüßen
Почитувани дами и господа,
Сојузна Република Германија на 15 април 1993 година ја призна Република Македонија со што и двете земји воспоставија дипломатски односи. Како и да е, признавањето не беше под уставното име на нашата земја - Република Македонија, туку под привремената референцата со која Република Македонија беше примена во ООН.
Ние граѓаните на Република Македонија сметаме дека одлуката вашата земја да ја користи привремената референца како име на нашата земја е направедна и неправилна.
Имено реферецата под која Република Македонија е примена во ООН, е за да се користи само во ООН, како што стои и во резолуцијата 817.
Втора причина е затоа што привремената референца под која Република Македонија е примена во ООН е привремена референца, а не име!
Ние граѓаните на Република Македонија водени од правичноста и праведноста, бараме и за нас да важат основните човекови права. Зарем ние не заслужуваме да бидеме ословувани со името кое сами сме си го избрале и со кое сме се нарекувале со векови наназад?
Бараме од вас практично да придонесете за прекинување на неправдите и дискриминацијата во светот, и да ја признаете нашата земја под нејзиното историско и уставно име - Република Македонија.
Ве потсетуваме дека над 130 земји во светот меѓу кои САД, Канада, Бразил, Индија, Кина, Јапонија, Русија... ја признаваат нашата земја под нејзиното уставно име!
Исто така сакаме да спомнеме дека во јавните медиуми и во целото германско општество веќе одамна се користи нашето уставно име.
Името на нашата земја е Република Македонија! Ве молиме почитувајте го тоа исто како што ние отсекогаш сме го почитувале вашето име.
Со срдечни поздрави
-----
Две дополнителни банерчиња за иницијативата
Слободно преземајте ги сите банери за иницијативата и ширете ги низ Нет. Доколку сакате можете да се пријавете и во FB групата Deutsch - Mazedonische Freundshaft (Германско - македонско пријателство)
No comments:
Post a Comment