Така и ми треба кога на Фејсбук се зачленувам во патриотски групи кои како волци во овчи кожи имаат за цел ситнење на македонското национално ткиво. Дали од глупавост или пак свесно тоа го прават само тие си знаат. Уште ли Македонецот ќе се ситни? До кога вака?
Ја добив следната порака:
ДЕКЛАРИРАЈТЕ СЕ КАКО ,,БЕЛОМОРСКИ МАКЕДОНЕЦ,,
ПРЕНЕСЕТЕ НА СИТЕ, ПРАВИМЕ НАШ ПОПИС....
Па еве јас пренесувам на сите. Не за да го подржам овој нивен безумен план, туку за да го осудам! Неколкумина луѓе* (значи не сите, а мал дел) коишто живеат во Република Македонија, а по потекло се од егејскиот дел на Македонија зад маската дека ќе се пребројуваат сакаат да направат поделба меѓу Македонците. Македонец си е Македонец. Нема потреба од додавки или придавки.
Ако играме по нивниот ум тие од Скопје ќе треба да бараат да се пишуваат како скопски Македонци, тие што се од село селски Македонци... Колку глупава идеја. Со свој камен по глава.
Додека Виножито и Нова Зора во егејскиот дел на Македонија (Грција) се борат за промовирање на македонски идентитет, свест и култура, жално е што во Р. Македонија има некои луѓе кои наместо да работат за истата кауза тие промовираат поделба.
За разлика од нив кои си земаат слобода да сугерираат кој како да се пише, јас само ќе кажам дека доколку сакаме поделбите да престанат, треба да се идентификуваме во она што сите ние сме, а тоа е Македонци, а не по тоа што дел се, а дел не се. Сите обиди за поделба по однос на место на живеење, религија, возраст, пол... треба да престанат. Во спортивно заложбите за единство се само декларативни и ништо повеќе.
И за крај националноста "егејски Македонец" не постои, во што и сите мои пријатели Македонци кои по потекло се од егејскиот дел на Македонија се согласуваат. Та и не еднаш сум бил прекорен затоа што сум рекол "егејска Македонија". Не, не е тоа "егејска Македонија" туку "егејскиот дел на Македонија", една е Македонија.
Ова важи и за македонскиот народ. Има само Македонци, а тоа дали се од пиринскиот, вардарскиот или пак егејскиот дел на Македонија не е така важно се додека се чувствуват како Македонци.
* Настанот е креиран од Kolku Egejci ima na Facebook и од Vlado Adzicolak
Подржан е од Беломорската Партија (прашање е дали е колку е партија) и организацијата Македонска Зора. Сите што сте членови на двете, па макар и преку ФБ група, преиспитајте се дали сеуште ќе уживаат почит кај вас.

3 comments:
Цепкање??? или Чепкање???
прашање е сега!
Да ти пукне душа,кај од надвор те цепат кај и од внатре.Секоја будала си прави здружение,си шири своја филозофија,одработува за којзнае кои...Ама така е зашто нашиве служби шверцот и е побите отколку борбата за опстанокот на државата.
Ајдееее... На толку делење и 2 милијарди да бевме ке останевме малку.
Post a Comment