Tuesday, December 21, 2010

Македонци со исламска вероисповед

Во услови кога Македонското име, историја и идентитет се цел на констатно негирање, чудно е како дел од Македонците наместо да учат од тоа тие самите практицираат негирање и тоа не кон некој друг народ туку кон дел од своите сонародници.

Во услови кога сите Македонци декларативно се залагаме за единство, чудно е како дел од нас прават раскол во македонското национално ткиво.

Во услови кога сите Македонци се жалиме дека де едни де други не делеле, чудно е како ние самите си се делиме на вакви и онакви, по оваа или по онаа основа.

Во услови кога се жалиме на странската пропаганда која од Македонците правела Бугари или Грци, чудно е како ние самите одбиваме да ги признаеме нашите браќа како Македонци само поради тоа што биле Муслимани.

Се работи за Македонците со исламска вероисповед. Луѓе кои ја сакаат Македонија ништо помалку од Македонците христијани. Луѓе коишто иако сакаат да бидат и се Македонци, дел од Македонците христијани дури денес не им го даваат тоа тоа право и ги нарекуваат Торбеши (Помаци, Потури).

Поради таа причина на негирање дел од Македонците со исламска вероисповед се повеќе се делат од македоснкото национално ткиво и се припојуваат кон другите етнички заедници кои претежно се со исламска вероисповед или пак се издвојуваат во посебен етнос.

Да се биде Македонец не значи да се биде само православен христијанин, особено не денес кога има Македонци атеисти, протестанти, католици... Точно е дека македонската православна црква одиграла важна улога во осамостојувањето на Македонија и зачувувањето на македонскиот национален идентитет. Никој не го негира тоа и никој не смее да го негира, но националното чувство не се определува од религија. Националноста и религијата не треба да се поистоветуваат. Ако сакаме да престанат поделбите помеѓу Македонците и ако не сакаме и понатаму да бидеме сведоци на ситнење на нивниот број треба да бидеме потолерантни кон нашите сонародници коишто имаат друга верска определба од православното христијанство.

2 comments:

Anonymous said...

„Точно е дека македонската православна црква одиграла важна улога во осамостојувањето на Македонија и зачувувањето на македонскиот национален идентитет. Никој не го негира тоа и никој не смее да го негира, но националното чувство не се определува од религија. “

Уште да имаше и некој доказ за ова. Не е лошо да го прочиташ текстот

Деконструирање на митот за МПЦ - која е формирана по 1950, значи по создавањето на современата македонска држава. Пред тоа, додека се формирала државата црквата во Македонија била туѓа и средство за антимакедонска пропаганда: грчка, бугарска и српска.

Anonymous said...

Aj objasni ja razlikata.


Posebno što vo tekovnata "hristijanska" istorija celosno se izbrišani bilo kakvi spomenuvanja na Makedoncite muslimani, kako da ne postoele 500 godini pred nastanuvanjeto na državata Republika Makedonija.