Friday, June 05, 2009

Мicrosoft say Macedonia на Канал5

Петиција за Македонија на Мајкрософт



Како што ние го почитуваме вашето име Мајкрософт, така бараме и вие да го почитувате нашето, а тоа е Македонија стои на петицијата која македонски Мајкрософт корисници ја испраќаат до седиштето на ај-ти компанијата во Вашингтон...




Како што ние го почитуваме вашето име Мајкрософт, така бараме и вие да го почитувате нашето, а тоа е Македонија стои на петицијата која македонски Мајкрософт корисници ја испраќаат до седиштето на ај-ти компанијата во Вашингтон. Кампањата Мајкрософт кажи Македонија, е започната јуни, 2007-та но досега од потребните 65 илјади потписи собрани се едвај 7 илјади. Двигателите на петицијата на својот сајт напишале дека ова е кампања која го подржува користењето на конституционалното име на Република Македонија во системите и апликативниот софтвер на Мајкрософт корпорацијата. На страната на која се води петицијата изработена од извесен еди ребел, пишува Мајкрософт во изминативе десет години води непринципиелна политика употребувајќи ја референцата ФИРОМ. Тоа го потврди и во најновиот оперативен систем Виндоус Виста. Од Логин системи кои се генерални дистрибутери на Мајкрософт за Македонија, Албанија и Косово велат дека Мајкрософт како интернационална компанија е приморана да го користи листингот на Обединетите Нации. Како патриот и Македонец би сакал да биде уставното име, но познавајќи ги состојбите бев и учесник во лобирањето да влезе во Виндоус уште 96, како земја ќе ве ставиме но мора да се користи официјалните имиња излистани во Обединетите Нации, нашите политичари се согласиле под ФИРОМ, и тие така не ставија, но во листингот не не става под ф, туку под м, треба да се даде благодарност бидејќи Виндоус се наоѓа и на македонски јазик, затоа треба да најдат решение за името, убеден сум дека Мајкрософт веднаш ќе го прифати новото име на Македонија , изјави Венко Глигоров од Логин Системи. И додека Мајкрософт се повикуваат на Обединетите Нации, потписниците на петицијата ја повикуваат американската компанија да го почитува фактот дека Соединетите Американски Држави не имаат признаено под уставното. Новиот интернет пребарувач Бинг на Мајкрософт велат креаторите на петицијата е најдобар начин компанијата да ја исправи неправдата која и ја нанесува на Македонија.

Kanal5

04.06.2009, 18:06

No comments: