Friday, June 05, 2009

Јутјубери против промена на името

Македонските YouTube корисници уште еден пат се покажуваат како една од најактивните македонски интернет заедници. Овој пат излегуваат со иницијатива против промена на името на Република Македонија. Секој оној кој е против промена и на една буква од името на нашата татковина нека се приклучи кон иницијативата.

„Почитувани,
Ние Mакедонските јутјуб корисници по долгогодишна борба на Јутјуб, пред околу еден месец успеавме да се избориме името на нашата татковина да биде испишано како "Macedonia", а не како "Macedonia the former Yugoslav Republic of" како што стоеше порано. Инаку YouTube не е некоја тривијална интернет страница, а една од трите најдобри интернет страници во светот, а воедно и во Македонија.

Ние Македонските Јутјуб корисници кои броиме неколку илјади членови сакаме да ве информираме дека категорично сме против било каква промена на уставното име на Република Македонија. Доколку дојде до промена, сите наши досегашни успеси за промовирање на Македонија на YouTube под уставно име ќе бидат залудни.

Во последните неколку недели циркулирааат шпекулации за договорена промена на името на нашата татковина Македонија. Ние активно ќе ја следиме ситуацијата и ќе превземаме секакви мерки за да не се остварат таквите сценарија. Не потклекнувајте под непријателски уцени и залагајте се за запознавање на светот со нашето право да се викаме Македонија. Нашето име за нас е свето и никој нема право да си поигрува со нашите чувства. Придружете ни се во нашите напори за промовирање, зачувување на нашето уставно име Република Македонија.

Со почит
Македонски YouTube корисници“

Адреси за праќање на писмото:

Влада
http://www.vlada.mk/?q=contact

Антонио Милошоски E-MAIL
mailmnr@mfa.gov.mk

Мартин Протоѓер
martin.protoger@primeminister.gov.mk

Собрание
http://www.sobranie.mk/default.asp?sect ... ktPratenik

МАНУ E-MAIL
manu@manu.edu.mk

Македонска Православна Црква
http://www.mpc.org.mk/kontakt.asp

No comments: