„Мајкрософт“ кажи Македонија, а не ФИРОМ
„Името на мојата земја е Македонија! „Мајкрософт“ кажи Македонија“ е насловот што го носи петицијата со која се бара од оваа компанија да го употребува уставното име на нашата земја во неговите софтверски производи. Петицијата ја креирале македонските корисници на производите на „Мајкрософт“, а може да се најде на веб-страницата www.petitiononline/Msaym/petition.html.
„Зошто ви е толку тешко да ги почитувате основното човеково права да ве ословуваат онака како што сакате. Исто како што јас немам право да променам нечие име, никој нема право да го промени моето име. Затоа, ве молам почитувајте го тоа. Името на мојата земја е Македонија, а не ФИРОМ. Мајкрософт кажи Македонија!“, се вели во петицијата.
Креаторите нагласуваат и дека САД ја признаа Македонија под уставното име и додаваат дека привременото решение Поранешна Југословенска Република Македонија не треба да се користи за комерцијална и некомерцијална употреба од ентитети во САД. Според нив, на овој начин „Мајкрософт“ чие седиште е во Редмонд, Вашингтон оди контра надворешната политика на САД. Интернет-петицијата досега ја потпишале повеќе околу 3.200 лица.
В.Н.
Нова Македонија

No comments:
Post a Comment