Showing posts with label Вонземски живот. Show all posts
Showing posts with label Вонземски живот. Show all posts

Thursday, September 25, 2014

Екстратерестријален живот - заклучок

6. ПОСТОИ ЛИ ЕКСТРАТЕРЕСТРИЈАЛЕН ЖИВОТ И ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Уште почудни идеи се изнесени во книгата “Антропичниот принцип” од французите Демаре и Ламбер. Според нив сите величини во универзумот се потчинети и програмирани да овозможат настанок на живи организми и на човекот како најсовршена форма на живот.

Се чини дека животот не е изолирана појава и земјата го нема ексклузивното право да биде единствената планета во бескрајниот универзум која што е населена од живи организми. Некои најнови истражувања од областа на астрономијата сочат дека во атмосферата на некои планети надвор од сончевиот систем се присутни градивните елементи за настанок на живот.

Според експериментот на Милер и сите подоцна правени експерименти доколку постојат неопходните хемиски елементи и физички параметри, настанокот на живот е само прашање на време. Според ова сосема е веројатно на тие планети да има живи организми.

Сепак дали животот може да настане само на начинот на кој што настанал на земјата и дали сите форми на живот и интелигенција се онакви какви што човекот ги познава е дискутабилно. На земјата делфините се доста интелигентни но немаат цивилизација.

Можеби екстратерестријалните цивилизации го надминале нашиот степен на техничко познавање и не испраќаат радио сигнали како што очекуваме ние, а комуницираат помеѓу себе користејки телепатија. Можеби напреднале толку многу што за нас е повеќе од фантастично и незамисливо.

Во книгата "Човечката деволуција", авторот Мајкл Кремо тврди дека секој организам деволуирал од духовно битие во материјална форма на живот. Можеби вонземјаните се духовна форма на живот што со денес познатата за човекот технологија не може да се регистрираат.

И покрај тоа што до денес истражувањата не дале убедителни резултати, на човештвото не му преостанува ништо друго освен да продолжи со потрагата по екстратерестријални форми на живот и интелигенција.

Можеби таму некаде далеку, на некоја милиони светлосни години отдалечена планета друга цивилизација слична на нашата се обидува да го најде одговорот на истото прашање: дали сме сами во универзумот?

Александар Стеванов

Крај на серијата статии "Екстратерестријален живот"

Monday, September 15, 2014

Екстратерестријален живот - НЛО

5. НЛО, АБДУКЦИИ И БЛИСКИ СРЕДБИ

Се чини денес повеќе од кога и да било се забележани неиндентификувани летечки објекти.

И покрај големиот број на колективни сведоштва и фотографска документација за НЛО, скептиците тешко ги прифаќаат за вистинити.

Некои пак тврдат дека неидентификуваните летечки објекти се со земско потекло и дека се работи за тајни воени авиони (какви што некогаш биле стелт авионите Ф-117 и Б-2).

Некои теории за конспирација одат дури дотаму што тврдат дека владата на САД има склучено договор со вонземјаните за дозвола за абдукции во замена на информации за тајни знаења.

Според херојот толкуван од Џек Николсон во филмот "Голи во седло" (Easy Rider) владата на САД не ја споделува со јавноста информацијата за постоење на екстратерестријална интелигентна форма на живот поради тоа што би било погубно за сите влади и лидери на земјата и би придизвикало општ хаос и нов светски поредок - општеството во кое што живејат вонземјаните е корено различно од нашето и во него секој човек е лидер.

Сепак убедителни документи за посета на вонземна цивилизација на земјата засега не се познати.

Friday, September 05, 2014

Екстратерестријален живот - SETI

4. ПРОГРАМИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ЕКСТРАТЕРЕСТРИЈАЛЕН (ВОНЗЕМСКИ) ЖИВОТ И ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Во 1960 Дрејк го организирал проектот Озма насочен кон две соседни ѕвезди кој иако завршил неуспешно претставува прв обид за интерстеларна комуникација. Слични експерименти, но на поголемо ниво се правени и во СССР во шеесетите години на минатиот век.

Најпозната таква програма денес е SETI (Search for Extraterrestrial Intelegence) – потрага по вонземска интелигенција.

Monday, August 25, 2014

Екстратерестријален живот - формула на Дрејк

3. ФОРМУЛАТА НА ДРЕЈК

Американскиот астрофизичар Дрејк го прескокнал прашањето за екстратерестријален живот и математички го пресметал бројот на технички развиени цивилизации во галаксијата со формулата N = R* fp ne fl fi fc L.

Во неговата формула N претставува број на технички развиени цивилизации во галаксијата; R* е просечниот број на ѕвездени формации поделено со староста на галаксијата; fp е фракција на ѕвезди кои имаат планетарен систем; ne е број на планети за една ѕвезда кои се еколошки погодни за настанок и еволуција на живот; fl е фракција на такви планети на кои всушност се појавил живот; fi е фракција на планети на кои се појавила интелигентна форма на живот; fc е фракција на такви планети на кои се појавила технички развиена цивилизација и L е просечниот живот на една таква цивилизација.

Иако теоретски едноставно, сепак пронаоѓањето на нумеричките вредности и параметрите е практично невозможно. Според оваа формула иако многу непрецизно бројот на технички развиени цивилизации во галаксијата е околу 1 000 000.

Saturday, July 26, 2014

Екстратерестријален живот - живот на Марс

2. ЖИВОТ НА МАРС

Прашањето за живот на Марс прв го покренал италијанскиот астроном Шиапарели откако ги забележал “каналите” во 1877 година. Марсовските канали претставуваат тесни, прави линии кои што се долги стотици, илјадници километри.

Во 1884 францускиот астроном Е. Л. Трувел набљудувајки го Марс забележал промени во бојата и текстурата на црвената планета кое за него значело сезонска промена на вегетацијата.

Најзаслужен за популаризацијата на митот за живот на Марс има американскиот астроном Персивал Лоуел. Тој кон крајот на 19 век за каналите тврдел дека толку прави линии не може да се геолошки феномен и дека мора да се артефицијално создадени од напредна марсовска цивилизација.

Во јули 1976 година откако пристигнале на Марс две американски капсули специјално опремени да детектираат живот, тие испратиле кон земјата податоци за отсуство на органски материи. Денес со сигурност се знае дека каналите не постојат и дека промените во бојата всушност се сезонски, но не се сврзани со вегетација, а со песочните бури.

Monday, July 14, 2014

Екстратерестријален живот - вовед

Екстратерестријален живот

1. ВОВЕД

Илјадници години човекот си го поставува прашањето дали е сам во универзумот или сепак таму некаде далеку постои свет населен со живи организми. Одговорот на прашањето за живот надвор од планетава бил крајно различен во текот на вековите.

Филозофот Метродор (3 и 4 век п.н.е.) тврдел дека сметањето дека земјата е единствената планета во бескрајната вселена на која има живот е исто толку неверојатно колку и од целосно посејано поле да изрти само едно зрно.

Во многу од митологиите се опишани вонземски суштества. Се верува дека џиновските цртежи на Наска цивилизацијата биле наменети за нивните богови кои всушност биле со вонземско потекло.

Според исламот во универумот постојат светови исти како нашиот. Во средновековието во голема мера поради проповедите на црквата преовладувало мислењето дека само на земјата постои живот.

Кон крајот на 18 век се сметало дека на секоја планета од сончевиот систем има интелигентна форма на живот. Научно-фантастичната книга на германскиот астроном Јоханес Кеплер “Сомниум” за една хипотетичка цивилизација на месечината (селенити) придонела за таквиот став и за испреплетувањето на фантазијата со реалноста. Спротивно на ова во текот на дваесеттиот век во научните кругови се сметало дека шансите за екстратерестријален живот се незначителни. И покрај таквиот став во 1938 год. мислејки дека нападот на Њу Џерси од Марсовците е вистина, илјадници слушатели на радиоадаптацијата на романот на Велс “Војна на световите” испаднале во паника.