Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка.
„Исто како и претходните, и
оваа четврта ’Визуелна хроника на македонскиот стрип‘ е едно особено
визуелно патување низ кратката, но бурна и богата историја на домашната
стрип-сцена. Совршен баланс на инфoрмација, популарно напишан текст
поткрепен со академско референцирање, и придружен од стотина илустрации и
цитати“, за оваа публикација истакнува рецензентот Сашо Гачев.
- Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ Независен
- Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ Опсервер
- Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ MakPress
- Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип" МКД
- Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, МИА
- Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, Култура
- Vizuelna hronika makedonskog stripa... , StripVesti
No comments:
Post a Comment