Во најновиот број на српскиот магазин „Стрип пресинг“, кој излезе неодамна, со свои дела се застапени и двајца македонски автори. Станува збор за илустраторот и стрип-автор Михајло Димитриевски-Тхе Мичо од Битола и стрип-сценаристот и хроничар Александар Стеванов од Штип. Димитриевски, кој и претходно објавувал на страниците од оваа публикација, се претставува со епизода од стрип-серијалот „Вековниците“. Стеванов, пак, кому ова му е дебитантско учество, во овој 21-ви број на „Стрип пресинг“ објавува опширен напис посветен на македонскиот стрип-магазин „Деветка“.
„Стрип пресинг“ излегува од 2001 година, а е во издание на Студентскиот информативно-издавачки центар од Ниш. Негов уредник е Марко Стојановиќ, стрип-сценарист од Лесковац кој е редовен учесник на македонските стрип-манифестации. Покрај Стеванов и Димитриевски, во оваа публикација од деветтата уметност досега објавувале и македонските автори: Александар Сотировски, Оливер Ромевски, Зоран Танев, Никола Темков и др.
Објавено и на:
- „Тхе Мичо и Стеванов во магазинот ’Стрип пресинг‘“, МКД
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, МИА
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Либертас
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Вечер
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Опсервер
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Бриф
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Makpress
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, 24 инфо
- „Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на ’Стрип пресинг‘“, Аваз
No comments:
Post a Comment