Деновиве од печат излезе монографската публикација „Жељко Книвалд“. Станува збор за двојазично, македонско-англиско издание во кое детално и на интригантен начин се расветлува личноста и делото на втемелувачот на деветтата уметност на македонскиот културен простор. Автор на публикацијата е стрип-хроничарот и сценарист Александар Стеванов, кој воедно се потпишува и како нејзин графички уредник, а предговорот за истата е дело на нашиот истакнат писател Томислав Османли.
„Уверен сум дека во овој книжен портрет – со минуциозни и акрибични разгледи на личноста на младиот скопски стрип цртач Желимир Книвалд-Брацо, потоа истакнат хрватски фармацевт кого никогаш не го напуштила љубовта кон стрипот, карикатурата и илустрацијата – ќе ужива и секој негов читател и вљубеник во ’деветтата уметност‘, како што во неа, потсетувајќи се во возбудливиот предвоен и повоен живот на некогашниот скопски гимназист чијшто живот ме плени повеќе од три децении, уживав и јас“, во предговорот кон оваа книга пишува Османли.
Стеванов, кому ова му е седма публикација, годинава го објави и продолжението на книгата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, во кое е обработена домашната стрип-сцена во периодот 2000 – 2007 година. Негови опширни написи посветени на деветтата уметност неодамна беа објавени во периодичните изданија „Алманах“ и „Деветка“, а до крајот на годината се очекува такви да излезат и во списанието „Современост“, како и во српската стрип-ревија „Рас комик“.
Објавено и на:
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, МИА
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, А1 on
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, MakPress
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, Опсервер
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, Либертас
- Објавена монографската публикација „Жељко Книвалд“, Вечер
No comments:
Post a Comment