Monday, March 03, 2014

Кој е резултатот од легализацијата на дивите градби

На фотографијава (Google Maps) на населба во еден македонски град, можете да видите кој е резултатот од легализацијата на дивите градби. На фотографијата во горниот дел има плански изградени куќи, а во долниот неплански објекти кои што беа опфатени со законот за легализација на дивите градби.


Како што се гледа од самата фотографија, за разлика од планските градби кои што се распоредени по една линија и меѓу кои има рамномерно поставени улици, дивите градби се раштркани без никаков редослед. Меѓу нив едвај може да се постави улица што претставува недостаток и за самите станари на тие објекти. Целиот тој простор заземен од неплански израдените куќи е лошо искористен и претставува рак рана за целата населба.

Дополнително:

Популизам за среќна Нова година

No comments: