Недела 26 април 2015 - Општина Центар гласа за ГТЦ
Извор: Го сакам ГТЦ!
Showing posts with label Архитектура. Show all posts
Showing posts with label Архитектура. Show all posts
Saturday, April 25, 2015
Monday, March 03, 2014
Кој е резултатот од легализацијата на дивите градби
На фотографијава (Google Maps) на населба во еден македонски град, можете да видите кој е резултатот од легализацијата на дивите градби. На фотографијата во горниот дел има плански изградени куќи, а во долниот неплански објекти кои што беа опфатени со законот за легализација на дивите градби.
Како што се гледа од самата фотографија, за разлика од планските градби кои што се распоредени по една линија и меѓу кои има рамномерно поставени улици, дивите градби се раштркани без никаков редослед. Меѓу нив едвај може да се постави улица што претставува недостаток и за самите станари на тие објекти. Целиот тој простор заземен од неплански израдените куќи е лошо искористен и претставува рак рана за целата населба.
Дополнително:
Популизам за среќна Нова година
Sunday, June 16, 2013
Архитектурата во Скопје - Брутална, модерна, космичка
„Архитектурата во Скопје - брутална, модерна, космичка“, барем така пишува во статија објавена на вебсајтот www.yomadic.com.
Но со тоа авторот на оваа статија, Нејт Роберт (Nate Robert), не мисли на хиперпромовираните градби од проектот Скопје 2014, туку на оние подзаборавени објекти, градени по земјотресот во бруталистички стил, за кои и самиот тој вели дека за жал се препуштени на забот на времето.
Авторот на текстот е толку импресиониран од овие градби што дури и го нарекува Скопје светска престолнина на бруталистичката архитектура (Brutalist architecture) и вели дека во него има поголем број на објекти во овој стил одошто било кое друго место на земјата.
Скопје главниот град на Македонија, се вели понатаму во статијата, е свет како од сон за љубителите на космичката бетонска архитектура од комунистичката ера, а за да го прочитате целиот текст (на англиски), кој фрла светлина на подзаборавеното македонско бруталистичко архитектонско наследство, кликнете овде - Communist Architecture of Skopje, Macedonia – A Brutal, Modern, Cosmic, Era
Дополнително:
Дополнително:
Thursday, June 13, 2013
Го сакам ГТЦ
Кога ќе помислам на Скопје, една од првите слики кои ми се појавуваат во мисли е онаа на ГТЦ.
Затоа, и не само затоа, давам поддршка на иницијативата насловена „Го сакам ГТЦ“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
На веб страницата Кирилица (www.kirilica.com.mk) има поставено анкета со прашањето „Ја поддржувате ли идејата за барокна фасада на ГТЦ?“. Моменталните резултати се овие:
Дополнително:
Thursday, January 17, 2013
Анкети - проект Скопје 2014
Хронолошки приказ, преку 4 анкети од март 2010 до ноември 2012 година, на расположението на граѓаните на Република Македонија за проектот Скопје 2014.
Телефонска анкета спроведена од 12 до 15 март 2010 година, од агенцијата „Рејтинг“ за потребите на „Дневник“, на примерок од 1.080 испитаници, Утрински весник (март 2010), „Проект Скопје 2014?“
Главно или целосно позитивно - 39%
Главно или воопшто не го поддржуваат - 58%
Анкетата спроведена од 4 до 6 ноември 2011 година, од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) врз 1.110 испитаници, Таратур (ноември 2011), „Проект Скопје 2014?“
Го подржуваат - 51,1%
Не го подржуваат - 46,3%
Не знам - 2.6%
Анкетата спроведена од TNS Brima Gallup Intl на репрезентативен примерок од 1165 испитаници (со статистичка грешка од +/- 2.87%), А1ON (септември 2012), „Кое е вашето чувство кога ќе слушнете за реализација на проектот Скопје 2014?“
Кумулативно позитивно мислење - 26.4%
Кумулативно негативно мислење - 57.8%
Ниту позитивно/ниту негативно - 15.8%
Телефинска анкета спроведена од 29 октомври до 1 ноември 2012 година, од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), Kapital (ноември 2012), „Како ги оценувате следните политики на Владата: проект Скопје 2014?“
Позитивна оценка - 40,3%
Негативна оценка - 45,1%
Графички приказ на четирите анкети:
Црвено: негативна оценка за Скопје 2014
Зелено: позитивна оценка за Скопје 2014
Жолто: неутрално/немаат став
---------------------дополнително: интернет анкети---------------------
Интернет анкета на Апостолка од 22.10.2012 во 12 часот па се до 28.10.2012 до 12 часот, со прашање „Дали проектот „Скопје 2014“ требаше да биде приоритетен инвестициски проект во изминативе години?“
Да - 13 гласа [32%]
Не - 27 гласа [68%]
Интернет анкета на форумот Build.mk - (резулати од јануари 2013), „Мислење за Скопје 2014“
Поддржувам - 78 гласа [53.42%]
Против - 65 гласа [44.52%]
Немам став (не ме интересира) - 3 гласа [2.05%]
Интернет анкета на форумот Kajgana (резултати од јануари 2013), „Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?“
Да - 303 гласа [48,7%]
Не - 319 гласа [51,3%]
Интернет анкета на форумот vmacedonia, (резулати од јануари 2013), „Скопје 2014“
Одлично - 15 гласа [53,57%]
Катастрофа - 9 гласа [32,14%]
Јас сум од провинција и не ми е гајле за Скопје - 4 гласа [14,29%]
Tuesday, March 06, 2012
Китино кале
Преку оваа статија сакам да дадам скромен придонес за остварување на крајната цел на иницијативата за реставрација на тврдината Китино Кале во Кичево:
Верувам дека позитивниот изход на оваа иницијатива ќе биде во општ интерес на сите граѓани на Македонија, пред сè на оние од Кичево и од околните места, без оглед на нивната верска и етничка припадност:
Кој може да ја изврши реставрација:
За контакт со креаторот на иницијативата пишете на: kitinokale(ат)gmail.com
Хипотетички изглед на некогашната тврдина. Нацртал Златко Цветкоски
Тврдина Китино кале (запад-исток)

Тврдина Китино кале, гледано од Илиница (исток-запад)

Тврдина Китино кале (југ-север)

Досега немало никакви археолошки ископувања спроведени на тлото на кое некогаш постоела. Сите наоди се случајни, како и оние наоди во самиот денешен град до кои најчесто се доаѓа со изградба на некои нови објекти при што истите и се уништуваат. Веројатно овој простор крие најмалку 2 цркви, а во неговото подножје се наоѓаат стари гробишта уште од предхристијанскиот период. Најстарите остатоци датираат од пред 4000 години, а уништена е за време на османлиското владеење по краткотрајното отцепување на турски великодостојник од султанската власт во Истанбул.
Верувам дека позитивниот изход на оваа иницијатива ќе биде во општ интерес на сите граѓани на Македонија, пред сè на оние од Кичево и од околните места, без оглед на нивната верска и етничка припадност:
Обновата на тврдината ќе значи зачувување на културното наследство и идентитетот на Кичево, од наодите би се направила голема музејска збирка, а новиот простор ќе биде туристичка атракција и место на бројни културни збиднувања.
Кој може да ја изврши реставрација:
Реставрацијата може да ја изврши Министерството за култура на Република Македонија, Заводот за заштита на споменици на културата во соработка со кичевскиот музеј.
За контакт со креаторот на иницијативата пишете на: kitinokale(ат)gmail.com
Хипотетички изглед на некогашната тврдина. Нацртал Златко Цветкоски
Тврдина Китино кале (запад-исток)

Тврдина Китино кале, гледано од Илиница (исток-запад)

Тврдина Китино кале (југ-север)

Wednesday, January 18, 2012
Протестна нота за Порта Македонија !?
Во врска со изградбата на Порта Македонија, според информации на Канал 5 грчките власти ќе испратат протестна нота до македонското МНР.
Канал 5 (Сања Ристовска 12.01.2012):
Причините за ваквата протестна нота која би ни ја упатиле јужните соседи за Портата Македонија не се регулирани во Времената спогодба.
Но за разлика од ова во Времената спогодба е регулирано нешто друго:
Времена спогодба (член 7):
Наместо постојано да се браниме од грчките барања, вета и протестни ноти, пожелно е ние да ја превземеме иницијативата и да побараме од Грција да престане да ги користи нашите национални симболи како шеснаесеткракото македонски сонце (тн Сонце од Кутлеш).
Според Времената спогодба ние не смееме да го користиме овој симбол, но тоа не пречи да побараме и тие да не смеат да го користат. Според Времената спогодба ова право им стои на располагање на македонските власти. Грција едвај ли би го прифатила таквото наше барање, но доколку мудро се искористи истото би било добра алатка за вршење притисок во врска со спорот за името.
Канал 5 (Сања Ристовска 12.01.2012):
Протестна нота за портата „Македонија“ ќе испрати грчкото до македонското МНР. Нашата влада не само што не била конструктивна, и не покажувала волја за решение, туку и паралелно преземала активности во рамките на проектот„Скопје 2014“, меѓу кои и портата за која ќе реагираа грчкото МНР - ова денеска го соопшти портпаролот на министерството.
Причините за ваквата протестна нота која би ни ја упатиле јужните соседи за Портата Македонија не се регулирани во Времената спогодба.
Но за разлика од ова во Времената спогодба е регулирано нешто друго:
Времена спогодба (член 7):
3. Ако која било од страните смета дека еден или повеќе симболи кои претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користат од страна на другата Страна, таа ќе и го предочи тоа на другата Страна, и другата Страна ќе превземе соодветни корективни активности или ќе објасни зошто не сметаат дека е неопходно да го стори тоа.
Наместо постојано да се браниме од грчките барања, вета и протестни ноти, пожелно е ние да ја превземеме иницијативата и да побараме од Грција да престане да ги користи нашите национални симболи како шеснаесеткракото македонски сонце (тн Сонце од Кутлеш).
Според Времената спогодба ние не смееме да го користиме овој симбол, но тоа не пречи да побараме и тие да не смеат да го користат. Според Времената спогодба ова право им стои на располагање на македонските власти. Грција едвај ли би го прифатила таквото наше барање, но доколку мудро се искористи истото би било добра алатка за вршење притисок во врска со спорот за името.
Tuesday, January 17, 2012
Идејно решение 2
Зошто гласав за вториот предлог решение за реконструкција на фасадата на објектот на Владата на Република Македонија:
Затоа што дизајнот е едноставен и функционален, без излишни елементи кои ќе чинат и дополнителни сретства, а воедно и ќе ја намалат функционалноста на објектот со попречувањето на влезот на природната сончева светлината во истиот.
Според мене ова идејно решение минимално го менува, односно само го осовременува постојниот изглед на објектот кој да не заборавиме дека е дело на жив автор-архитект.
Најмногу соодветствува на денешното време, а за мене тоа е една од главните поенти на уметноста - делото да е белег на времето во кое е градено, а не да биде носталгичарско навраќање на градбите од некое "златно време" или субститут за некое пропуштено време.
Затоа што дизајнот е едноставен и функционален, без излишни елементи кои ќе чинат и дополнителни сретства, а воедно и ќе ја намалат функционалноста на објектот со попречувањето на влезот на природната сончева светлината во истиот.Според мене ова идејно решение минимално го менува, односно само го осовременува постојниот изглед на објектот кој да не заборавиме дека е дело на жив автор-архитект.
Најмногу соодветствува на денешното време, а за мене тоа е една од главните поенти на уметноста - делото да е белег на времето во кое е градено, а не да биде носталгичарско навраќање на градбите од некое "златно време" или субститут за некое пропуштено време.
Monday, January 16, 2012
До жителите на Скопје
До жителите на Скопје,
Драги сожители на град Скопје, сведоци сме на остварувањето на проектот Скопје 2014, кој е архитектонско урбанистички неоправдан за градот. Кога велиме урбанистички, мислиме на поставеноста во просторот, големината, односот со неговата околина. Никој од нас не ја оспорува, ниту е против идејата за изградба на нови објекти, министерства, музеи или споменици во Скопје, меѓутоа сме против нетранспарентните конкурси, наметнатата естетика, сквернавењето на постојните објекти, урбанистичкиот хаос и игнорирањето на институциите како архитектонскиот факултет, асоцијацијата на архитекти, студентите и големите домашни и странски архитектонски имиња.
Целта на оваа порака е да се спречи ширењето на тој проект, кој наметна пракса за сè што се случува во центарот на градот да личи на него. Последната провокација е конкурсот за менување на фасадата на Владата на Р.М. како и небришењето на градежната парцела на плоштадот Македонија, која сега е наменета за 9-катна зграда.
Објектот на Владата на Р.М. е изграден во 1970 година и претставува објект кој во свое време ги прати архитектонските и конструктивните текови на современиот живот. Проектант на овој објект е архитектот Петaр Муличковски (1929-) кој сè уште е меѓу нас и кој во целост е игнориран од Владата. Не постои светска практика, да се менува изглед на значаен објект, а притоа да не се консултира неговиот творец. Уште помалку, објект наградуван во свое време од архитектонските кругови да се обидете да го облечете во фасада чиј стил е одамна мртов! Во моментов во тек е анкета на веб страната на Владата, на која се пристигнати конкурсните решенија за новата фасада на овој објект. Ве молиме не дозволувајте да продолжи естетиката на Скопје 2014. Не фаворизираме ниту едно решение бидејќи во ниту едно не е влучен авторот на објектот, меѓутоа ако треба да се спречи злото ве молиме внимавајте на својот избор!
Објектот е инспириран од македонската традиционална архитектура и претставува успешен процес на инспирација од минатото и негово користење за современите потреби.
(Фотографијата е превземена од Build.mk)
(преземено) Од група студенти при Архитектонскиот факултет - Скопје / УКИМ / кои не припаѓат на ниту една политичка партија, владини и невладини организации, ниту официјални и неофицијални здруженија. Единствена припадност е нашата професионална ориентација!

Friday, January 13, 2012
Нова фасада за објектот на Владата
На сајтот на Владата на Република Македонија (врска) гласајте за идејното решение за реконструкција на фасадата на објектот на Владата на Република Македонија кое што сметате дека е најдобро.
Официјални моментални резултати од анкетата на Владата на Република Македонијa:
Решение 1 29% (2500)
Решение 2 33% (2858)
Решение 3 16% (1384)
Решение 4 7% (633)
Решение 5 12% (1049)
Не знам / Нема одговор 3% (227)
Вкупно гласови 8651
Моментални резултати од анкетата на форумот Build.mk:
Решение 1 17.65% [3]
Решение 2 29.41% [5]
Решение 3 0.00% [0]
Решение 4 0.00% [0]
Решение 5 11.76% [2]
Ниту едно решение 23.53% [4]
Да се задржи сегашниот изглед 17.65% [3]
Официјални моментални резултати од анкетата на Владата на Република Македонијa:Решение 1 29% (2500)
Решение 2 33% (2858)
Решение 3 16% (1384)
Решение 4 7% (633)
Решение 5 12% (1049)
Не знам / Нема одговор 3% (227)
Вкупно гласови 8651
Моментални резултати од анкетата на форумот Build.mk:
Решение 1 17.65% [3]
Решение 2 29.41% [5]
Решение 3 0.00% [0]
Решение 4 0.00% [0]
Решение 5 11.76% [2]
Ниту едно решение 23.53% [4]
Да се задржи сегашниот изглед 17.65% [3]
Subscribe to:
Posts (Atom)