Прогласувањето на најдобрите македонски веб-сајтови, во изборот организиран од „Сајт на година“, се одржа на десетти овој месец. Во категоријата „најдобар блог“ за 2013 година избран беше сајтот karas4training.com
Но дали победничкиот сајт во оваа категорија е блог или пак нешто сосема друго? Ако сајтот се посети, уште на прв поглед би се увидело дека повеќе личи на портал одошто на блог.
Еве што луѓето од сајтот самите напишале во „За нас“:
„karas4training.com е симбиоза на веб-портал, социјална мрежа и блогирање...“
Да, овој сајт е веб-портал (и социјална мрежа). Она блогирање на крај не значи дека е блог, туку поскоро би значело дека е блог сервис.
Доколку од жирито на „Сајт на година“ сметаат дека и блог сервисите влегуваат во категоријата блог, тогаш тоа би значело дека во избор за најдобар блог во светски рамки, допуштен во конкуренција би бил и блог сервисот (на кој што блогирам) Blogspot.com (а на крај истиот и би победил).
Дека karas4training.com е типичен веб-портал, а не блог, покажува и тоа дека имаат поставено „порталски“ ценовник за реклами, дека зад сајтот не стои личност туку компанија[2], како и тоа дека имаат вработени лица[3].
Веб-сајт кој што воопшто не личи на блог (а на портал), чии што автори сами кажуваат дека не се работи за блог (а за некаков микс), зад кој што стои компанија (а не блогер) и за кој што има вработени лица, или скратено: веб-сајт кој што не е блог да победи во категоријата „најдобар блог“ е да не знае човек со која рака да се крсти.
За крај честитки до победниците.
[2] „КОМСОФТ ДООЕЛ е сопственик на www.karas4training.com со седиште во Скопје на адреса...“ - услови.[3] „Ниту КОМСОФТ ниту потенцијалните комапнии од други земји, ниту нашите вработени...“ - услови.
Види и:
- „Македонски блог за 2012 година“, Internet Macedonian, 17/12/2012
No comments:
Post a Comment